1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Елцин – погреб

25 април 2007

Во Москва е во тек погребната церемонија за починатиот поранешен претседател на Русија, Борис Елцин. Во московската катедрала на Спасителот Христос, се собраа неговите роднини и почитувачи, а присуствуваат и голем број гости од светот. Покрај германскиот претседател Хорст Келер, на погребот присуствуваат и поранешните американски претседатели Џорџ Буш сениор и Бил Клинтон. Во текот на изминатата ноќ околу 20 илјади луѓе дојдоа во катедралата да му оддадат последна почит на Елцин, кој почина во понеделникот на 76-годишна возраст. Неговиот наследник Владимир Путин денешниот ден го прогласи за ден на жалост во целата земја.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми