1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

ЕМА: Нема ограничувања за АстраЗенека

ЕМФ | агенции
7 април 2021

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорачува натамошна употреба на вакцината АстраЗенека и покрај многу ретките случаи на мозочни тромбози.

AstraZeneca Impfstoff
Фотографија: Soumyabrata Roy/NurPhoto/picture alliance

Можно е да има поврзаност помеѓу вакцината АстраЗенека и згрутчувањето на крвта кај многу мал број од вакцинираните лица, соопшти попладнево Европската агенција за лекови (ЕМА) во Амстердам. Тие тромбози се јавуваат пред сѐ кај жени на возраст под 60 години, и тоа во временски период до две недели по вакцинирањето. Специфични фактори на ризик, според досегашните сознанија, не се потврдени.

Повеќе:

Различни оценки за потенцијалната опасност од АстраЗенека

Претставник на ЕМА: Поврзаност на АстраЗенека и згрутчувањето на крвта

Ковид-вакцини: Јојо со АстраЗенека и некои позитивни новости

Сепак, и покрај ретките случаи на тромбоза, ЕМА не дава ограничување на употребата на вакцината. Ползата од вакцината е поголема од ризиците, објаснува Европската агенција за лекови. Згрутчувањето на крвта би требало да се наведе во упатството за вакцината како ретка нуспојава.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми