1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штетите би биле поголеми во Германија отколку во Русија

СН/агенции
19 април 2022

Поради руската инвазија врз Украина, во Германија постојано се дискутира за откажување од снабдувањето со руски гас. Кон оние кои предупредуваат од таков чекор сега заеднички се приклучија и работодавачите синдикатите.

Symbolbild I Russisches Gasfeld
Фотографија: Alexander Nemenov/AFP/Getty Images

Во дебатата околу можното запирање на увозот на руски гас, германските работодавачи и синдикати заеднички предупредија од последиците кои таквиот чекор би ги предизвикал врз германското стопанство, како на пример затворање на фабрики и загуба на работни места во најголемата економија во Унијата.

Претставниците на здруженијата на работодавачи БДА и конфедерацијата на синдикати ДГБ, Рајнер Дулгер и Рајнер Хофман, во заедничка изјава наведоа оти „брзото ембарго на гас ќе доведе до намалување на производството, затворање на фабрики, натамошна деиндустријализација и долгорочен губиток на работни места во Германија“.

Според Дулгер и Хофман, негативните ефекти врз економијата и вработувањето во моментов би биле поголеми во Германија отколку во Русија. 

Поради руската инвазија на Украина, европските лидери разгледуваат воведување на нови енергетски санкции за Русија, кои би ја опфаќале и нафтата, по одлуката на ЕУ целосно да забрани увоз на руски јаглен од август.

Дали спасот е во Казахстан?

01:34

This browser does not support the video element.

Украинските лидери наведуваат дека Русија со приходите од извозот на енергенси ја финансира војната против Украина и оти тој мора да биде запрен.

Повеќе: Војната во Украина и (не)оправданоста на критиките кон Германија

Тоа, меѓутоа, нема да биде лесно да се спроведе бидејќи ЕУ од Русија добива околу 40 отсто од вкупното количество природен гас и околу 25 насто од нафтата.

На Унијата најтешко би ѝ било да се откаже од рускиот природен гас, наведуваат аналитичарите, бидејќи поголемиот дел од количината од овој енергенс доаѓа од гасоводите од Русија, додека залихите на течен гас се ограничени поради големата побарувачка ширум светот.

Германија, големиот производствен центар и увозник на руски гас, досега се противеше на моменталниот прекин на увоз на овој енергенс од Русија, наведувајќи оти планира постепено да се откажува од руската нафта до крајот на годината и од увозот на поголемо количество руски гас до средината на 2024 година.

Европската комисија ги формулираше чекорите за намалување на потрошувачката на руски гас за две третини до крајот на годината, кои меѓу другото вклучуваат користење на поголеми количини гас од Норвешка и од Азербеџан и увоз на поголеми количини течен гас.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми