1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Австралија: Отворени границите по речиси 20 месеци

СН/агенции
1 ноември 2021

За првпат од почетокот на пандемијата Австралија, повторно ги отвори меѓународните граници за своите државјани и луѓето со живеалиште во земјата. Странските работници во Австралија границите остануваат затворени.

Емотивна сцена од аеродромот во Сиднеј по слетувањето на авионот од Лос Анџелес, еден од првите летови откако повторно беа отворени границите
Емотивна сцена од аеродромот во Сиднеј по слетувањето на авионот од Лос Анџелес, еден од првите летови откако повторно беа отворени границитеФотографија: Rick Rycroft/AP/picture alliance

Австралија денеска ги ублажи своите ограничувања за меѓународните патувања, овозможувајќи им на одделни вакцинирани граѓани слободно да патуваат и на многу семејства повторно да бидат заедно, што предизвика емотивни прегратки на аеродромите.

По речиси 600 денови некои од најстрогите светски гранични политики во врска со коронавирусот, милиони Австралијци сега можат слободно да патуваат без специјални дозволи или без потреба од скапиот 14-дневен хотелски карантин по доаѓањето во земјата. 

Иако патувањата најпрво ќе бидат овозможени само за австралиските државјани, луѓето со постојан престој и за нивните најтесни семејства, со ова се активира планот за повторно отворање на земјата за меѓународните туристи и работници.

Пристигнување на првиот авион во Мелбурн по повторното отворање на границите во АвстралијаФотографија: picture alliance/dpa/AAP

Патниците на првите летови од Сингапур и од Лос Ангелес пристигнаа во Сиднеј рано утрото, а многумина од нив беа пречекани од расплакани пријатели и роднини кои не ги виделе неколку месеци. Патниците, исто така, ги пречекуваше и персоналот од авио-компаниите кои држеа транспаренти и им подаруваа на патниците автралиско диво цвеќе и чоколадни бисквити. Во Мелбурн, воден топ го прскаше авионот на „Сингапур ерлајнс“ во знак на прослава по укинувањето на ограничувањата додека се движеше на пистата по слетувањето.

Австралија на 20 март минатата година ја затвори својата меѓународна граница, забранувајќи им на странските туристи и на домашните граѓани да излегуваат или да доаѓаат во земјата освен ако не им се одобри специјална дозвола.

Во Австралија од почетокот на пандемијата се регистрирани околу 170.500 инфекции и 1.743 смртни случаи.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми