1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германската влада усвои уште еден пакет поволности

агенции
25 март 2022

Германската владејачка коалиција, која ја сочинуваат партиите СПД, Зелените и ФДП, реагираше на драстично зголемените цени на енергенсите со усвојување на уште еден пакет поволности.

Deutschland | Koalitionsausschuss im Bundestag - Entlastungspaket Energiepreise
Фотографија: Christophe Gateau/dpa/picture alliance

Со цел да ги ослободи потрошувачите од трошоците за енергија, владејачката коалиција во Германија, меѓу другото, сака за три месеци да ја намали енергетската такса на горивата на европскиот минимум. Ова го соопштија претставниците на СПД, Зелените и ФДП по ноќниот состанок на коалицискиот комитет.

Сите вработени кои подлежат на данок на приход добиваат еднократен додаток на цената на енергенсот од 300 евра како субвенција за плата, кој се исплаќа преку платен список. Семејствата добиваат еднократен бонус од 100 евра за секое дете. Ќе се удвои договорената еднократна исплата од 100 евра за примателите на социјална помош.

Коалицијата сака да воведе и билет од девет евра месечно за локалниот јавен превоз низ државата во траење од 90 дена. Покраините треба да добијат соодветни средства за тоа. Владата исто така договори мерки за зголемување на енергетската ефикасност, што исто така треба да помогне да се намали зависноста од гас, нафта и јаглен од Русија.

Лидерите на владејачката коалиција претходно се согласија да ги намалат трошоците за енергија по речиси единаесет часа ноќни преговори. Лидерот на ФДП и министер за финансии, Кристијан Линднер, го гледа договорот на коалиционите лидери за вториот пакет помош како доказ за способноста на владата да дејствува: „Коалицијата е убедена дека, со оглед на овие огромни зголемувања, мораме да ги заштитиме луѓето и економијата на краток рок“. 

Во рок од четири недели, коалицијата состави првичен пакет помош, отвори посебен фонд за Бундесверот и сега се договори за втор пакет помош и модернизација, рече Линднер по состанокот.

Помош за „средната класа“

Заменик-претседателот на пратеничката група на СПД, Матијас Мирш, истакна дека се работи за растеретување на „средната класа на општеството“, не само во однос на мобилноста, туку и во однос на трошоците за греење. Тој оцени дека разговорите биле „многу конструктивни“ и дека е „радосен и среќен“ што успеале да го усвојат вториот пакет помош.

Лидерите на партиите и парламентарните групи се сретнаа со канцеларот Олаф Шолц (СПД) во средата навечер. Пред состанокот, имаше единство за натамошно намалување на цените на горивото, гасот и струјата, кои повторно нагло пораснаа како резултат на војната во Украина. Меѓутоа, тогаш имаше разлики околу инструментите.

Неколку предложени решенија

Во дискусијата беа предложени неколку мерки кои треба да послужат за растеретување на товарот на граѓаните и компаниите. Сепак, притисокот министерот за финансии Линднер за воведување субвенции за гориво наиде на отпор кај коалиционите партнери. СПД и Зелените исто така сакаат да ја поевтинат мобилноста, но во исто време повеќе да ги растеретат луѓето од ниските примања. Додека Зелените се залагаа за паушален додаток на енергија за сите жители, предлогот за привремен додаток за мобилност до 50 евра месечно, скалесто според приходите, го даде потпретседателот на СПД, Хубертус Хајл, министер за труд. Во исто време, Зелените се залагаа и за итни мерки за заштеда на енергија. 

Германците трупаат залихи на масло за јадење, храната поскапува

Министерот за економија и заштита на климата, Роберт Хабек, повика на повеќе напори за заштеда на енергија како услов за пакетот помош. Овој политичар на Зелените, на пример, го опиша греењето на гас како „застарен модел“. Целта на германската влада е да ја намали зависноста од гас, нафта и јаглен од Русија, со оглед на руската агресивна војна против Украина. Федералната влада, исто така, ја отфрла идејата за енергетско ембарго.

Консултациите веројатно дополнително ќе се искомплицираат по изненадувачката најава на рускиот претседател Владимир Путин дека испораките на рускиот гас во иднина ќе се плаќаат во рубљи. Хабек ја нарече објавата како прекршување на договорот. Германската влада за ова ќе разговара со своите европски партнери. Истовремено, гасната индустрија е иритирана од ваквата најава од Кремљ.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми