1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Енергијата од ветер во Романија доживува бум

21 јули 2011

Во Романија се наоѓа најголемиот европски ветерен парк со капацитет од 600 мегавати. Во последниве неколку години странските претпријатија инвестираа околу 1 милијарда евра во проекти за добивање енергија од ветер.

Ветерниците во подем во РоманијаФотографија: picture-alliance/ZB

Силен ветер и јаки државни програми за поттикнување. Романија може да стане земја од соништата што се однесува до производството на енергија од ветер. Владата во Букурешт уште во 2008 година донесе закон за поттикнување на обновливите енергии што го објави и во Службен весник. Бидејќи станува збор за државна помош потребна е согласност од Европската комисија. Меѓутоа, документот дури ова лето се најде на потпис во Брисел.

Ваквото одолговлекување на работите претставува голем проблем за инвеститорите, се жали Дана Дуика, претседателка на Романскиот сојуз за енергија од ветер: „Се’ уште недостасуваат стабилни државни рамки. Уште во 2008 година, кога беше објавен законот за поттикнување на обновливите енергии, повеќе претпријатија донесоа важни одлуки за инвестиција. Меѓутоа, и неколку години подоцна, законот уште не се применува. Ова води кон проблеми со финансирањето на проектите.”

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми