1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Енцикликата на Папата Бенедикт 16

26 јануари 2006

Енцикликата која ја објави Папата Бенедикт 16 наиде главно на позитивен одек. Посебно се слушаат пофални зборови заради тоа што папата ги истакна не само духовните, туку и личните и социјални импулси

Весникот „Експрес„ во коментарот забележува:

„ Енцикликата на Папата Бенедикт 16 е изненадувачки духовна и екуменска. Католикот број еден исто така се обрати и до протестантите, муслиманите, евреите, на сите. Исто така и на луѓето кои не веруваат во господ. Пледираше за соживот. Важни се неговите зборови дека црквата во борбата за праведност не може и не смее да остане на страна. Важна е напомената дека господ и религијата често се користат како оправдување за омразата, насилството и осветата. Храбар Папа. Папа со јасни зборови„ коментира весникот „Експрес„

„Хесише Нидерзексише Алгемајне„ во коментарот меѓу останатото наведува:

„ Папата направи една корекција во корист на животната реалност. Тоа е најразбирливо во вториот дел од писмото во кое тој ги поврзува господ и љубовта кон блискиот. Во тој дел енцикликата е многу политична. Истовремено тој ја подвлекува обврската на црквите и лаиците да учествуваат во формирањето на праведниот поредок„ читаме во „Хесише Нидерзексише Алгемајне„

На истата тема „Зиддојче Цајтунг„ пишува:

„ Папата ја дава сликата за црквата за други, како што тоа некогаш го формулираше евангелистичкиот маченик Дитрих Бонхофер. Црквата која не објавува правила за глобална правда во желбата за подобрување на светот, ниту очајува или станува цинична со оглед на бедата во светот. Бидејќи, секогаш се слуша приговор кога некој ветува небо на земјата, дека е во прашање социјалистички или глобалистичко-капиталистички рај„ пишува „Зиддојче Цајтунг„

Коментаторот во „Ханделсблат„ забележува:

Против празнината и распаѓањето на постмодерното општество, Папата Бенедикт 16 го постави идеалот на љубовта соединет со одговорноста. Не само во однос на поединецот, туку и во однос на општеството. Целосната социјална држава на крај станува бирократска инстанца. Тоа се тези со кои папата може да учествува во секој разговор, исто така и во големата расправа во Давос„ закључува во коментарот весникот „Ханделсблат„
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми