1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Епл = 3.000.000.000.000 $

СН/агенции
4 јануари 2022

Тоа досега не му успеало на ниту еден концерн во светот: Производителот на Ајфон- Епл достигна пазарна вредност од три билиони долари. Акционерите можат да бидат повеќе од задоволни.

Модели на Ајфон 13 на презентацијата во септември 2021
Модели на Ајфон 13 на презентацијата во септември 2021Фотографија: Jae C. Hong/AP Photo/picture alliance

Епл стана првата компанија која на берзата достигна вредност од три билиони долари, а потоа денот го заврши под оваа граница.

Инвеститорите очекуваат дека произведувачот на мобилниот телефон Ајфон ќе продолжи да претставува привлечни производи додека се шири на пазарите за автоматизирани автомобили и за виртуелна реалност.

За време на првиот ден со тргување во 2022 година, една акција на компанијата од Силиконската долина достигна вредност од 182,88 долари, со што се подигна вредноста на целата компанија на над

3.000.000.000.000 долари ...

... - тоа е повеќе од годишното економско остварување на Велика Британија и нешто помалку од она на Германија. Никогаш досега една компанија не била толку високо ценета на берзата.

Епл е убедливо на првото место на најголемата берза во светот- ВолстритФотографија: Richard Drew/AP/picture alliance

Подоцна цената на акцијата опадна за 2,5 отсто, на 182,01 долар, па пазарниот капитал на Епл го заврши денот на берзата на 2,99 билиона долари.

Највредната светска компанија очекува дека потрошувачите годинава ќе продолжат да купуваат Ајфон, Мекбук и сервиси како Епл ТВ и Епл мјузик.

Епл достига граница од два билиони долари заедно со Мајкрософт корпорацијата, која сега има вредност од околу 2,5 билиона долари.

Компаниите Алфабет, Амазон и Тесла ја преминаа границата од еден билион долари, а на саудиската Оил корпорација вредноста изнесува околу 1,9 билиони долари, се наведува во податоците на компанијата Рефинитив.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми