„Епл“-најскапа фирма на сите времиња
13 февруари 2015Реклама
Во меѓувреме „Епл“ вреди над 620 милијарди евра, досега толку не „тежело“ ниедно претпријатие. Тоа е повеќе отколку годишниот вкупен бруто-општествен производ на Швајцарија, двојно повеќе од шпанскиот пазар на акции.
Во врска со производите на „Епл“ настана вистинска фама. Фановите со денови и ноќи чекаат пред продавниците на нови производи. „Епл“ за многумина стана култен статус.
Технички, конкуренцијата напредува и дури има и предност. Ривалот „Самсунг“ од 2013 година се потпира врз вмрежените часовници. Смартвоч од „Епл“ на пазарот треба да стигне во април.