1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕП ги усвои резолуциите за напредокот на Хрватска, Србија, Црна Гора и Косово

ЕМФ/миа/бета18 април 2013

Европратениците ги усвоија резолуциите за напредокот на Хрватска, Србија, Црна Гора и Косово. Според агенцијата МИА, поддржани се идните проширувања, но ќе биде земен предвид напредокот на секоја земја посебно.

Фотографија: Picture-alliance/dpa

Хрватска е подготвена да и‘ се приклучи на ЕУ во јули, оценија европратениците и притоа беа повикани двете последни земји-членки на ЕУ да го ратификуваат приемот на Хрватска во ЕУ (Данска и Германија). Таа ќе може да стане членка кога сите земји ќе го ратификуваат нејзиното членство.

Во однос на Србија, ЕП во резолуцијата за напредокот изразува „силно уверување“ дека преговорите за членство на земјата во Унијата може да почнат во јуни 2013 година. Тоа ќе биде можно штом Србија ги достигне мерилата и клучните приоритети з аотворање на преговорите, се наведува во документот усвоен со мнозиснтвог ласови во Стразбур. Известувачот за Србија, Јелко Кацин, пред гласањето уште еднаш ги повика лидерите на Србија и Косово да постигнат компромис и сотоа да оовозможат продолжувањ ена процесот на евроинтеграции.

За Црна Гора се подвлекува дека е постигнат солиден напредок на патот кон зачленувањето во ЕУ, како и улогата која ја има оваа земја во стабилноста на регионот. Европратениците притоа побараа повеќе напори за заштита на слободата на печатот, правата на жените и половата еднаквост.

За Косово европратениците побараа забрзување на реформите во правната област, заштитата на малцинствата, зацврстување на административните и трговските капацитети што ќе дозволи можност за склучување на Договор за стабилизација и стабилизација.

Извештајот за напредокот на Македонија ќе биде разгледан на мајската сесија на ЕП во Стразбур.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми