1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ердоан во Иран

29 јули 2004

Иранското раководство тврди дека атомската енергија има намера да ја користи исклучиво за економски цели, а никако за создавање aтомско оружје. Ова денеска го изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан за време на посетата на Техеран. Доминатна тема на неговите разговори со иранското раководство, според Ердоан, бил тероризмот.

Иако оваа посета е прва на еден турски премиер на Иран по 8 години, меидумите во Турција малку информираа за неа. Во Иран пак, може да се слушне дека гостите од Турција се примени со скепса: во Иран не се верува многу во тоа дека Ердоан е шеф на конзервативно-исламска партија, зашто во Техеран под тоа се подразбира нешто сосема друго. Сепак, се чини дека посетата од обете страни се оценува како задоволителна. Околу настаните во Ирак се вели дека во преден план било истакнато оти во иднина треба да се почитува волјата на народот. Заедништво е покажано и за курдското прашање. Настојувањата на Курдите за автономија сакаат да ги спречат како Анкара, така и Техеран. Турскиот премиер Ердоан изјави:

“Темата тероризам беше доминантна. Иран веќе реши да соработаува со нас. Ќе биде потпишан документ за согласност во кој на јасен начин Курдската работничка партија ПКК која сега се нарекува Конгра Гел, и од иранска страна се означува како терористичка организација“.

Втората, потешка тема беа атомските експерименти на Иран. Турција страхува Иран своите достигнувања на тој план да не ги искористи за изградба на атомско оружје. Од друга страна Иран скептично го посматра соседот кој има релативно добри односи со САД и Израел. Сепак премиерот Ердоан зборува и за оваа тема:

“Иран не информира дека нема намера да развие атомско оружје, туку дека атомската енергија ќе ја користи во мирни цели. Постои ионака договор со Меѓународната агенција за атомска енергија, кој останува да го ратификува и парламентот. Тоа покажува дека Иран во тој поглед позитивно се однесува“, изјави Ердоан.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми