1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Човекови права

Ердоган во Брисел: Ќе има ли решение за бегалската криза?

СН/агенции
9 март 2020

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и лидерите на ЕУ ќе направат обид за надминување на актуелната бегалска криза на турско-грчката граница. Мал придонес за релаксирање на притисокот врз Грција, најави и Германија.

Rauchbomben und Tränengas an griechisch-türkischer Grenze
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/G. Papanikos

Откако Турција на крајот од февруари де факто го откажа својот дел од бегалскиот пакт со ЕУ и им порача на мигрантите да се упатат кон пограничниот регион, на турско-грчката граница, но и на грчките острови во Егејското море во близина на турското крајбрежје. таму се одвиваат драматични сцени. Грчките безбедносни сили секогаш одново употребуваат солзавец и водени топови за да ги спречат бегалците и мигрантите да ја преминат границата. Хуманитарните работници присутни на теренот веќе подолго време ја критикуваат експлозивната хуманитарна состојба, посебно на грчките острови.

Во пактот за бегалци, склучен во 2016 година, Турција се обврза да ги спречи бегалците кои патуваат во Европа да го продолжат своето патување и достоинствено да ги прифати - на трошок на ЕУ. Турција веќе долго време го обвинува Брисел дека не ги исполнува своите ветувања. Денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во седиштето на ЕУ во Брисел би требало да разговара со претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во обид да се надмине актуелната криза.

Фотографија: Getty Images/L. Gouliamaki

Покрај за состојбата со мигрантите и бегалскиот пакт,  ќе бидат водени и разговори за ситуацијата во северната сириска провинција Идлиб, од која поради ескалацијата на судирите меѓу турските сили и војската на сирискиот властодржец Башар ал-Асад неодамна избегаа стотици илјади луѓе.

Германија сака да им помогне на децата бегалци

На турско- грчката граница инаку со денови се води политички спор врз грбот на ранливи луѓе- вклучително и многу деца. Германија најави дека планира да поддржи одреден број од загрозените деца. Лидерите на партиите во германската владина коалиција (ЦДУ, ЦСУ и СПД) како и водечки личности во сојузната и покраинските влади на синоќешната седница на коалицискиот одбор одлучија земјата да прифати „адекватен број“ на бегалци, посебно на загрозени деца кои се наоѓаат во турско-грчкиот пограничен регион.

Повеќе:

-Експерти за бегалците: „Не смее да се повтори 2015-та“

-Фотографија на денот: Страдаат и најмалите

-Како Анкара и Атина ги злоупотребуваат бегалците

Германската влада исто така смета на „коалицијата на волни“, која во моментов се обидува да се оформи на ниво на Европската унија. Германија сака да го организира преземањето на децата бегалци заедно со други држави од ЕУ кои сакаат да го сторат истото.

Фотографија: Getty Images/L. Gouliamaki

Кому ќе му помогне Германија

Во одлуката на колицискиот одбор се говори за околу 1000 до 1500 малолетници, кои се наоѓаат во преполнетите кампови на грчките острови во Егејското море. Во предвид доаѓаат деца без придружба од возрасни помлади од 14 години како и постари малолетници на кои боради болест итно им е потребна помош. Поголемиот дел од тие деца се од женски пол, соопшти коалицискиот одбор.

Тој исто така и вети на Грција „поддршка и солидарност“ од страна на Германија околу згрижувањето на нови бегалци и заштитата на надворешните граници на ЕУ.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми