1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ердоган во Полска: Варшава ќе посредува меѓу Турција и ЕУ?

Паул Фликигер
17 октомври 2017

Неочекуван дипломатски потег на Полска - откако во јули го пречека Доналд Трамп, сега е домаќин на Реџеп Таип Ердоган. Од Брисел стигнуваат критики, и на сметка на домаќините, поради дефицити во правната држава.

Türkei Ankara - Erdogan hält Rede
Фотографија: picture-alliance/AA/Turkish Presidency/Handout/Y. Bulbul

Посетата на Ердоган е прва официјална посета на членка на ЕУ откако дојде до авторитарно државно преструктуирање на Турција, по неуспешниот обид за пуч во летото 2016 година. Претходно со Европејците турскиот претседател се сретна само на самитот на Г20 во Хамбург. Освен средбата со полскиот претседател Анджеј Дуда, на агендата се отворање на турско-полски економски форум и разговор со премиерката Беата Шидло, како и прием од страна на претседателите на двата парламентарни дома. Со Јарослав Качински, претседател на полската владејачка партија „Право и правда“ и полски моќник во сенка, официјално, не е предвиден состанок. Точната сатница и содржина на посетата до последен момент се држеше во тајност.

Историски добри и блиски односи

Полска и Турција, кои некогаш споделуваа заедничка граница и длабоко непријателство кон Русија, одржуваат дипломатски односи веќе 603 години. Тоа што Османското царство никогаш не ја призна поделбата на Полска од крајот на 18. век, Појлаците го ценат до денешен ден. Оттаму, владата во Варшава и во последно време беше воздржана во критиките кон Турција и Ердоган, дури и во моментите кога тој влезе во опасен клинч со Берлин и со Вашингтон. Единствено приближувањето на Турција кон Рсуија ѝ предизвикува болки во стомакот на Варшава. 

Пред посетата на Ердоган на Варшава, од полски владини извори во прв ред се истакнуваа заедничките интереси кои произлегуваат од членството во НАТО. Од причини што се чувствува загрозена од Русија по анексијата на украинскиот полуостров Крим, спротивна на меѓународното право, и од конфликтот во источна Украина, Варшава е задоволна со зајакнувањето на десното крило на НАТО преку стационирањето по илјада војници во Полска и во трите Балтички држави.

Полска поддршка за ЕУ-интеграциите на Турција од самиот почетокФотографија: picture-alliance/dpa/M. Schrader

Во фокусот - официјално се економски прашања

Во фокусот на државната посета, гласат турските информации, се наоѓа билатералната трговија. Кемал Гулеруз, претседател на Турско-полската трговска комора, во изјава за турската државна новинска агенција Анадолу најави мсивно зголемување на билатералниот трговски волумен од досегашните близу 6 милијарди на 10 милијарди американски долари. Турција во иднина очигледно има намера засилено да инвестира во полскиот градежен сектор, кој добива и ЕУ-субвенции.

Полски дипломати пак во прв план ја истакнуваа политичката димензија на државната посета на Ердоган. „За нас, тесните односи со Турција и посетата на Ердоган имаат многу големо значење“, истакна Мациеј Ланг, полски амбасадор во Анкара, во разговор за Анадолу. Ланг потсети на приемот на муслимански Татари во Полска пред 600 години, на полската поддршка за турската ЕУ-интеграција од самиот почеток и на заедничките интереси од аспект на членството на двете земји во НАТО. Тој ја претстави Полска во светлина на главно отворена земја, но која  на денешните воени бегалци им помага првенствено да остануваат во земјите блиски до нивните татковини,  па од тој аспект го поддржува Договорот за бегалците помеѓу Брисел и Анкара.

При една, како што официјално е наречена, спонтана средба на Ердоган и Шидло во средината на мај во Пекинг, било разговарано околу трговски прашања и  ЕУ-бегалската политика.  Полска непопустливо ја одбива прераспределбата на бегалците пристигнати во Грција и во Италија, поради што Европската комисија ѝ се заканува со тужба пред Европскиот суд во Луксембург. Варшава од таа причина е живо заинтересирана за ефективна примена на Договорот за бегалците склучен меѓу Брисел и Анкара. Истовремено, партијата на Качински, „Право и правда“, слично на Ердогановата АКП, е на удар на критика од Брисел поради проблемите во функционирањето на правната држава.   

Некои набљудувачи во Варшава, поаѓајќи од добрите полско-турски односи, не исклучуваат ниту посредувачка улога на Полска во споровите со Анкара. „Нам првенствено ни е важно да разговараме меѓусебно, да го запознаеме турскиот поглед на работите“, изјави Кшишоф Шчерски, шеф на кабинетот на полскиот претседател Дуда.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми