1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ердоган- сосема нормална посета?

Јилиде Данисман
28 септември 2018

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган престојува во неколкудневна посета на Германија. Таа ја поларизира како германската јавност, така и турската заедница во Германија.

Brandenburger Tor in türkischen Farben Symbolbild Asylsuchende aus der Türkei
Фотографија: picture-alliance/dpa/K.D.Gabbert

„Се радувам на посетатата на Ердоган. Многу го ценам нашиот претседател.“ Озлем Календер работи во една продавница за слатки во берлинската населба Кројцберг и вака ги изразува своите чувства за актуелната посета на турскиот претседател на Германија.

Озлем Календер има 30 години и е родена во Германија. Таа смета дека Ердоган е „многу корисен за Турција“. Секоја година таа патува во Турција и таму гледа „како новите улици, паркови и болници сѐ повеќе ја модернизираат земјата“. Таа очекува Ердоган да стори нешто и за Турците кои живеат во Германија. „Има многу кои не нѐ прифаќаат. Тој треба да им раскаже што сме направиле за Германија. Треба да покаже дека стои зад нас“.

Пријател или непријател?

Посетата е главна тема меѓу Турците кои живеат во Кројцберг. Една жена вели оти е „сосема нормално“ Ердоган да ја посети Германија како претседател на држава. Таа живее во Германија 30 години: Не го поддржувам Ердоган, но не сум ни против него“, вели. И додава дека секој шеф на држава има свои доблести и маани. „Го критикувам притисокот кој Ердоган го врши врз медиумите како и неговите конзервативни ставови. Но, неговото исправено држење наспроти светот- тоа ми се допаѓа.“

Повеќе:

-Ердоган во Германија - добредојден или не?

-Тешка мисија во Анкара

-Треба ли Германија да ѝ помогне на Турција?

Претседателските и парламентарните избори во Турција покажаа дека во Германија, Ердоган има многу сонародници кои го поддржуваат. 65 насто од 1,4 милиони Турци со право на глас кои живеат во Германија гласаа за Ердоган, а нешто помалку од 56 отсто за владејачката партија АКП. Според наводите на Институтот за туркологија на Универзитетот Дуизбург-Есен, гласовите на Турците во Германија сочинуваат 2,5 насто од сите кои гласаа на изборите во Турција.

Озлем КалендерФотографија: DW/J. Danisman

Сосема нормална посета?

Поларизацијата меѓу следбениците и противниците на Ердоган ја подели турската заедница во Германија. 35-годишниот Адем Орта кој живее во Германија 19 години, тоа добро го знае. Тој работи во една продавница за хамбургери во Кројцберг и е противник на Ердоган. Вели дека следбениците на Ердоган во него гледаат непријател.

Инџи Ојку Јенер Родербург, која предава на Институтот за туркологија на Универзитетот Дуизбург- Есен, смета оти таквата поларизација е нешто нормално. Поделба секогаш имало, вели, само сега јасно се гледа- меѓу останатото и затоа што многу луѓе денес отворено можат да кажат кого го поддржуваат, или дали се Алевити или Курди.

Многу покани- малку одговори

Поларзацијата може да се мери и по тоа колку лица кои се повикани на државниот банкет во чест на Ердоган одбија да дојдат. На пример, Хусеин Мат, претседател на Алевитската заедница во Германија: „Поканата од господинот Штајнмајер многу ни значи, но учеството на тој банкет би значело прифаќање на неправдите на Ердоган и легитимирање на неговите постапки“, изјави Мат за ДВ. Тој смета дека „не е правилно“ да се организра свечен банкет во чест на Ердоган кога се знае оти во Турција нема напредок на планот на човекови права, како и за правата на Курдите и на Алевитите.

Фотографија: picture alliance/dpa/H. Kaiser

Исто така, ни канцеларката Ангела Меркел нема да има време за вечера со Ердоган. Од круговите на Сојузната претседателска канцеларија во понеделникот беше кажано дека канцеларката нема да присуствува на државниот банкет. Претходно, неколку опозициски политичари го откажаа своето учество во знак на протест против политиката на Ердоган.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми