1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ердоган отпушта и банкарски надзорници и новинари

ЕМФ/дв19 јануари 2014

Прво од должност беа разрешени високи полициски и судски службеници, а сега се отпуштени банкарски надзорници и луѓе од медиумите. Во Истанбул насилно беа растурени демонстрантите кои протестираа против корупција.

Фотографија: Getty Images

По масовните отпуштања во полицијата и судството, турската влада сега отпушта луѓе од државните надзорни органи и медиумите. Турските медиуми јавуваат дека од должност се разрешени тројца луѓе од врвот на институцијата за банкарски надзор БДДК. Во институцијата за регулирање на телекомуникациите ТИБ отказ добиле петмина раководители на оддели, додека во турската државна телевизија ТРТ се отпуштени дури 12 водечки уредници и раководители на сектори.

Ердоган сака да ја контролира истрагата

Отказите се најверојатно поврзани со корупцискиот скандал, кој ја потресува владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган со недели. Владата сака со акциите на чистење да ги има под котрола истражните постапки, кои Ердоган ги нарече предавство.

На средината од декември беа издадени налози за апсење на десетици осомничени лица, меѓу кои и синовите на двајца министри, по што тие поднесоа оставки. Во скандалот станува збор, меѓу другото, и за поткуп на политичари за да се сокријат бизнисите со злато на државната Халк банка со Иран, како и некои илегални градежни проекти.

Набљудувачите претпоставуваат дека зад сето тоа се крие борба за моќ меѓу исламско-конзервативниот премиер Ердоган и приврзаниците на неговиот ривал Фетулах Ѓулен, кои се наоѓаат на многу клучни позиции во правосудството, управата и стопанството. Ердоган го обвини својот некогашен сојузник, а сега смртен непријател, Ѓулен и неговото движење дека го инсценирале корупцискиот скандал поради политички мотиви. Ѓулен, инаку, во меѓувреме живее во егзил во САД.

Фотографија: dpa

Во Истанбул вчеравечер (18.01) со солзавец и водени топови беа растурени протести на противници на владата. Повеќе партии и здруженија повикаа на протести против корупцијата во земјата и вмешаноста на владата на Ердоган во тоа. Некои од активистите, како што јави агенцијата АФП, фрлале со камења кон безбедносните сили во обид да се одбранат и пробувале да се забарикадираат. Уапсени се голем број лица.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми