1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ердоган очекува „да“ за смртната казна

Б.Хинрикс
18 март 2017

Доколку во Турција биде повторно воведена смртна казна, тоа би можело да значи и елиминација на многу приврзаници на Ѓулен.

Türkei Jahrestag Schlacht von Canakkale | Präsident Tayyip Erdogan
Фотографија: Reuters/O. Orsal

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган смета дека во Турција наскоро повторно ќе биде воведена смртна казна. По референдумот за уставните промени на 16 април, парламентот во Анкара ќе стори „што е неопходно“, а тој „без колебање“ ќе го потпише законот, рече Ердоган.

„Семејствата на мачениците, семејствата на нашите јунаци не треба да се грижат“, рече Ердоган, мислејќи на оние кои се спротивставиле на обидот за пуч на 15 јули 2016 година. Турскиот претседател зборуваше на една манифестација во Чанак Кале која беше пренесувана на телевизија. 

Смртната казна во Турција е укината во 2002 година. Тоа ги отвори пошироко вратите за интергација на Турција во ЕУ. По неуспешниот пуч се множат барања за повторно воведување на смртната казна во земјата, а Ердоган постојано сигнализира своја согласност. Доколку повторно биде воведена смртна казна ќе биде ставен крај на преговорите на ЕУ со Турција за приклучување.

2002: Турскиот парламент гласа за укинување на смртната казнаФотографија: picture-alliance/dpa

БНД: Ѓулен не е вклучен во пучот

Шефот на германската тајна служба БНД, Бруно Кал, денеска отворено се спротивстави на оценките на Анкара дека зад пучот стои движењето на Ѓулен. „Турција се обиде да нѐ убеди во тоа на најразлични нивоа, но тоа досега не ѝ успеа“, изјави Кал за „Шпигел“. Тој контрира на проценките на турската влада дека движењето на Ѓулен е исламско-есктремистичко или дури терористичко движење: „Движењето на Ѓулен е цивилно здружение за религиозно и секуларно дообразување“, изјави шефот на БНД.

Исламскиот проповедник Фетула Ѓулен со години живее во егзил во САД и ги отфрла обвинувањата на Ердоган. Лицата за коишто се претпоставува дека се следбеници на Ѓулен за турската влада се државни непријатели. Десетици илјади луѓе по обидот за пуч беа отпуштени од државна служба, а дел од нив и затворени. Според проценките на Кал, пучот е „добредојден изговор“ за турските власти. „Она на што сме сведоци како последица на пучот, можеби немаше да се случи со толкава длабочина и радикалност“, оценува Кал.

Тој ги отфрла шпекулациите дека обидот за пуч можеби бил инсцениран од страна на турската влада: „Бран на чистки од страна на владата имаше уште пред 15 јули. Затоа делови од армијата мислеа дека треба брзо да извршат преврат, пред и тие да бидат зафатени. Но, беше предоцна и чистките ги опфатија и нив.“

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми