1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ердоган подготвен да се повлече ако АКП загуби на локалните избори

СН/БГ/ртр/миа/ап5 март 2014

Премиерот на Турција , Реџеп Тајип Ердоган, чија влада последниве месеци се соочува со голема корупциска афера, најави можно заминување од политиката. Предуслов за тоа е пораз на локалните избори на неговата партија.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека ако неговата партија не освои најмногу гласови на локалните избори на 30 март, тогаш тој ќе се повлече од политиката.

„Ако Партијата на правдата и развојот (АКП) не биде на прво место на локалните избори, јас ќе си заминам од политиката, истакна Ердоган на прес-конференција. Истражувањата на јавното мислење даваат различни резултати за рејтингот на партијата на Ердоган спроти претстојните избори. Според некои оваа политичка сила ќе освои над 45 отсто од гласовите, а други сметаат дека поддршката за неа ќе биде под 40 проценти.

Владата на Ердоган во последните месеци ја тресе голем корупциски скандал по започнатата антикорупциска истрага на 17 декември. Ердоган, кој доминира на турската политичка сцена повеќе од една деценија меѓутоа на митинзите кои се дел од предизборната кампања е во борбено расположение. Тој истакна дека бројот на приврзеници кои доаѓаат на предизборните собири покажуваат дека неговата партија има голема поддршка наспроти обвинувањата за корупција со кои е соочена и за кои турскиот премиер ги обвинува следбениците на неговиот поранешен сојузник, исламскиот проповедник Фетула Ѓулен кој живее во САД.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми