1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ердоган се закани со забрана на Фејсбук и Јутјуб

АТ/ ртр7 март 2014

Во пресрет на локалните избори во Турција, шефот на владата во Анкара, преку едно интервју, испрати закана дека ќе забрани интернет портали во Турција, оти биле користени за да му наштетат.

Фотографија: picture-alliance/AP

Речиси три недели пред локалните избори во Турција, премиерот Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе ги затвори социјалната мрежа Фејсбук и порталот Јутјуб. Двете интернет платформи биле користени од неговите противници за да му наштетат, рече Ердоган во интервју на турската телевизија.

Претходно, на интернет беа објавени повеќе снимки од телефонски разговори на премиерот Ердоган. Повеќето од нив тој ги отфрли како лажни, но некои од телефонските разговори Ердоган ги потврди. Конзервативно-исламиситчкиот премиер, имено, призна дека побарал од една приватна телевизија помалку да известува за активностите на опозицијата.

За акцијата со прислушување и за истрагата поради сомневање за корупција Ердоган го обвинува движењето на проповеникот и негов некогашен сојузник Фејтула Ѓулен, кој живее во САД. Ѓулен, од своја страна, ги отфрла обвинувањата дека сакал да изврши влијание врз политиката во Турција.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми