Ердоган собира гласови како бранител на нацијата?
26 март 2014Причината за соборувањето на сирискиот борбен авион во неделата (23.март) од страна на турските воздухопловни единици била навлегување во турскиот воздушен простор, нагласи премиерот Реџеп Таип Ердоган. „Нашата реакција секогаш ќе биде остра, кога ќе биде повреден нашиот воздушен простор“, изјави Ердоган пред илјадници приврзаници на АКП при една изборна манифестација во Кочаели. Премиерот најде пофални зборови за турските пилоти, кои стрелаа врз сирискиот борбен авион.
Сириската страна ја негира изјавата на Ердоган дека бил повреден воздушниот простор и напротив го обвини за „очигледна агресија“ како што известува турскиот весник „Хуриет“. Исто така и турската опозиција не беше убедена во објаснувањата на Ердоган. Тие зад соборувањето на борбениот авион гледаат политички мотиви, за кратко пред локалните избори в недела (30. март) да биде свртено вниманието од внатрешнополитичката криза.
Уназадување во Турција
Од 17. декември турската влада е вплеткана во тежок корупциски скандал. На интернет се појавуваат сѐ повеќе снимки од телефонски разговори, кои ги разоткриваат во јавноста Ердоган и неговата исламско-конзервативна АКП. Ердоган со различни закони веќе успеа да спроведе ограничување на интернетот и со неодамнешното блокирање на интернет страницата на Твитер во Турција се обиде да ја замочи опозицијата.
Во меѓународни рамки постапките на Ердоган наидоа на силна критика - меѓу другите и од претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц. „За жал изминатите месеци во некои делови моравме да регистрирме уназадување во Турција. Укинувањето на Твитер е дел од тоа“, го цитира Шулц весникот „Ди велт“.
Кандидатот за градоначалник на Истанбул од најголемата опозициона партија ЦХП, Мустафа Саригул, смета дека Ердоган е притиснат до ѕид. „Нашиот премиер се обидува да созададе провокации и хаос. Тој сфати дека ќе загуби. Сегашната влада не сака мир, туку се обидува да создаде предност со вжештена воена атомосфер. Нашите сограѓани нема да учествуваат во оваа игра. Ние ќе создадеме Турција, која во мир живее со своите соседи,“ рече Саригул на една изборна манифестација во Истанбул.
Исто така и претседателот на ЦХП Кемал Киличдароглу ги критикуваше коментарите на Ердоган за воениот инцидент. „Многу е вулгарно, што еден премиер за оваа работа труби на изборна манифестација“, вели Киличдароглу. „Тоа не е коректно однесување“, дополни тој.
Дали е оправдана критиката на опозицијата?
На вакво мислење е и политикологото Фети Ачикел. Еден премиер воените интервенции треба да ги дискутира во парламентот или дискретно во владини кругови, но не на изборна манифестација пред илјадници приврзаници, вели Ачикел во разговор за ДВ. „Толку кратко пред изборите турската политика моментно доживува напнат период. Ситуацијата е многу невообичаена. Политичката јавност е силно поделена со политичкиот дискурс на Ердоган“, појаснува Ачикел. Во јавноста во изминатите недели веќе се шпекулираше, дека Ердоган создавал предност преку кризата во Сирија, укажува политикологот.
„Со заживување на националистичките и патриотските чувства и со инсценирањето на АКП како бранител на нацијата може да добие гласови на националистите, но и на неодлучените избирачи“, вели Ачикел. Постојано имаше шпекулации дека Турција испорачувала оружје за сириската опозиција, вели политикологот. „Сириската опозиција постојано бараше заштита на Турција. Турската влада значи активно учествуваше во ова политика“, цели Ачикел.
Лолкалните избори како „шанса за преживување“ за АКП
„Едрдоган се обидува од локалните избори да направи референдум, кој ќе ја потврди неговата невиност. Тој свесно оди на курс на конфронтација со делови од општеството, за да освои други кругови за себе - на пример националистите, исламско-конзерватиците или неодлучните“, вели Ачикел. Со корупцискиот скандал меѓутоа Ердоган загубил многу од угледот, вели политкологот. Но тешко е да се процени, дали ваквата загуба ќе го чини и многу гласови. Фети Ачикел не ја исклучува можноста од евентуална изборна измама наредната недела: „Во минатото имаше гласини дека комуналните и парламентарните избори биле фалсификувани. Различни опозициони групи сега изразуваат уште поголеми задршки, бидејќи на изборите би можело да се работи за политичко преживување на АКП“.