1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ердоган со препорака како да гласаат Турците во Германија

ЖА
18 август 2017

Турскиот претседател упати повик до гласачите со турско потекло во Германија да не гласаат за ЦДУ, СПД или Зелените, зашто тие се „непријатели на Турција“

Recep Tayip Erdogan hält Rede in Ankara
Фотографија: Reuters/U. Bektas

Германските Турци, како што изјави Реџепет Таип Ердоган за време на свој настап во Истанбул, на претстојните избори за Бундестагот не треба да гласаат за партиите ЦДУ, СПД и Зелените, туку за партиите кои не би ја воделе актуелната антитурска политика. Притоа, тој не кажа кои се преферираните партии. Германија стана земја која оди против вредностите на ЕУ, истакна Ердоган, обвинувајќи ги владејачките партии ЦДУ и СПД за изборна кампања во знакот на „нанесување штета на Турција“.

„Ги повикувам сите мои сонародници во Германија да не прават грешка со поддршка на овие партии, кои се непријатели на Турција.“

Турскиот претседател одново побара Германија да ги испорача осомничените пучисти. „Исто како што Германија сака да си ги врати своите државјани од кај нас, Турција очекува да бидат испорачани терористите кои престојуваат таму. Разликата меѓутоа е во тоа што Германија бара испорачување „криминалци“, а Турција- „терористи“, потенцира Ердоган.

Германија и Турција во последно време имаат спор околу повеќе теми.

Германската влада го критикува првенствено затворањето на повеќемина Германци, меѓу кои и новинарот Дениз Јуџел. Анкара пак ја обвинува Германија за пружање прибежиште на учесници во обидот за државен преврат од јули минатата година и за блокирање на проширувањето на трговската унија на ЕУ, за што турските медиуми ја обвинуваат германската канцеларка Ангела Меркел.

Во Германија живеат околу три милиони луѓе со турско потекло, од нив околу 1,3 имаат право на глас.  

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми