1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Падот на турската лира продолжува

Миша Ерхард
14 јули 2018

Реџеп Таип Ердоган почнува да ги остварува неговите најави. Сака да има поголемо влијание на Централната банка и си го назначи зетот за нов министер за финансии. Тоа пак предизвика пад на вредноста на лирата.

Türkische Lira - Inflation
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/A. Gocher

Два удари за турската валута и тоа за само неколку часа. Прво вредноста во понеделникот и опадна за 3,5 проценти, кога претседателот Реџеп Таип Ердоган ненајавено си го назначи зетот за нов министер за финансии. Поранешниот заменик министер Мехмет Симсек кој важеше за пазарно ориентиран, веќе нема да биде дел од владата. „Пазарно ориентирани сили веќе нема во кабинетот на Ердоган, а наместо тоа има непотизам. Тоа не е добар сигнал", вели експертот за девизи Антје Пефке од Комерцбанк.

Акционерите се загрижени

Влијанието на зетот на Ердоган расте, но во прв ред станува збор за нагласената волја на претседателот една до сега независна институција да ја стави под своја контрола: турската централна банка. Ердоган уште пред неколку дена најави дека во иднина сака да има поголемо влијание врз централната банка во земјата.

Фотографија: picture alliance/dpa/AP/B. Ozbilici

Неколку часа по неговото стапување на власт, Ердоган потпиша декрет, според кој, само тој лично во иднина ќе ги назначува претседателот и потпретседателот на Централната банка. „Сега се остваруваат страхувањата кои се појавија уште по неуспешниот пуч“, вели Маурицио Варгас, економ во Унион Инвестмент. „Ердоган ја засилува личната моќ на сметка на институциите во земјата". Развој кој акционерите воопшто не го сакаат.

Инфлацијата галопира

Инвеститорите на турските пазари предизвикаа пад на курсот на лирата која за време на владеењето на Ердоган се соочува со растечки проблем. Имено, вредноста во споредба со други валути драматично и опаѓа. Во моментов за едно евро се добиваат 5,70 турски лири. Пред една година беа 4, а во 2013-та само 2,50 лири.

Повеќе:

-Ердоган: Силни зборови- слаба валута

-Турски економски бум - можно ли е тоа?

-Ердоган: Првиот султан на модерна Турција

Многу компании заради тоа се исправени пред голем предизвик. Слабата лира им го отежнува животот, па целосно или делумно се задолжени во туѓи валути. Затоа многу компании моментално работат на тоа да ги преструктуираат своите долгови. Покрај тоа, слабата валута го поскапува и увозот во Турција, што пак предизвикува пораст на цените.

И населението страда заради галопирачката инфалација. Во јуни стапката на инфлација изнесуваше околу 15 проценти. Турското население за набавки при таков пораст на цените секако мора да брцне подлабоко во џебот. На дневна основа Турците тоа го забележуваат во супермаркетите, на бензинските пумпи, при плаќање на станарините.

Фотографија: Getty Images/C. Mc Grath

Одложено не значи решено

Во такви околности Централната банка би требало да делува со противмерки и на изминатите седници тоа и го правеше: во јуни ги зголеми каматите од 16,5 на 17,75 проценти. Но, таквите од економистите како неопходни и точно проценети мерки, се трн во окото на Ердоган. Тој сака ниски камати, за да ја држи во форма економијата која реално бележи пад. Затоа и најави поголомо влијание врз Централната банка и ги презеде првите чекори за да го зацементира својот план. Но, познавачи на ситуацијата сметаат дека Ердоган само го одложува неодложното, дури и ако влијае врз Централната банка повеќе во правец на своите политики. Поттикот што сака да го види, изгледа ќе замре побрзо отколку што тој посакува.

Проблемите кои тогаш ќе излезат на виделина се веројатно многу поголеми отколку што, во економска смисла, се гледаат во моментов.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми