1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Ерменија во сѐ подлабока политичка криза

СН/ агенции
23 април 2018

Веќе десет дена, владините противници во Ерменија секојдневно протестираат. Тие бараат оставка на премиерот, кого го обвинуваат за сиромаштијата, корупција и огромното влијание на олигарсите во кавкаската држава.

Armenien Proteste in Jerewan
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/PAN/H. Khachatryan

 

Ерменија, по повеќедневните протести влегува во сѐ подлабока криза. Лидерот на опозицијата, Никол Пашињан, вчера, пред вклучени камери, размени жестоки зборови со контроверзниот шеф на владата, Серж Саргсјан, и го повика да поднесе оставка. Саргсјан потоа ја прекина средбата, а Пашињан, како што соопшти обвинителството, беше уапсен,. Десетици илјади владини противници протестираа во главниот град Ереван.

Пашињан и двајца други пратеници од опозицијата биле „уапсени откако извршиле опасни дејства врз општеството", рече обвинителството. Тие „постојано грубо го прекршувале законот за демонстрации со организирање митинзи и нелегални состаноци, повикувајќи на улични блокади и попречување на јавните објекти."

Фотографија: DW/A. Gazazyan

Претходно, полицијата соопшти дека Пашињан ги предводел вчерашните демонстрации, иако постојано бил повикуван „да ги сопре нелегалните митинзи". Кога собирот бил распуштен, Пашињан и двајца други опозициски пратеници, според полицијата биле „присилно приведени" од страна на полициските службеници, но не и уапсени.

Повеќе: 

-Партијата на Саркисјан е победник на изборите во Ерменија

-Ерменците се кренаа против корупцијата во земјата

-Парламентарни избори во Ерменија

Контроверзниот премиер на Ерменија, Серж Саргсјан ја прекина средбата со Пашињан пред телевизиските камери по само неколку минути откако, лидерот на опозицијата побара оставка од него.

„Вие не ја разбирате ситуацијата во Ерменија, власта е сега во рацете на народот“, му порача Пашињан на премиерот. Саргсјан пак го обвини лидерот на опозицијата за уцена и по кратка размена на жестоки зборови ја напушти средбата.

Саркисјан (лево) и Пашињан (десно)Фотографија: picture-alliance/dpa/TASS/A. Geodakyan

Протестите против Саргсјан, кој е поддржан од Кремљ, траат веќе една и пол недела. 63-годишниот политичар се повлече од претседателската функција на почетокот на април, по два мандати. Во вторникот минатата недела меѓутоа беше избран за нов премиер, чин кој беше проследен од масовни протести во Ереван.

Контроверзната уставна реформа, одобрена со референдум во декември 2015 година и сега во сила, значително ја унапреди позицијата на премиерот. Вистинската политичка моќ лежи кај Саргсјан. Спротивно на тоа, шефот на државата сега има претежно репрезентативни задачи.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми