1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Израел: Наскоро железничка станица „Доналд Трамп“?

СН/ агенции
27 декември 2017

Израел сака железничката станица, која се планира да биде изградена во близина на Ѕидот на плачот во Ерусалим, да ја нарече по американскиот претседател Доналд Трамп.

Jerusalem Besuch US Präsident Trump Klagemauer
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Zvulun

Израелскиот министер за сообраќај инсистира да се продолжи пругата за брзи возови од Ерусалим до Западниот ѕид, каде што има намера идната железничка станица да ја нарече по американскиот претседател Доналд Трамп.

Планот на министерот Израел Катц, кој во моментов е во разработка, вклучува изградба на две станици и копање на тунел долг три километри под центарот на Ерусалим и политички и историски чувствителниот Стар град. Западниот ѕид е најсветото место каде Евреите можат да се молат.

Портпаролот на министерството за сообраќај Авнер Овалида во средата изјави дека е проценето оти проектот ќе чини над 700 милиони доалри, и доколку биде одобрен, ќе бидат потребни 4 години за негово довршување.

Фотографија: picture-alliance/AP Photo/D. Bality

Повеќе на темата:

Што всушност сакаше Трамп со Ерусалим?

-Трамп долева масло на огнот

Канцеларијата на Катц наведува во соопштението дека министерот предложил план на неодамнешниот состанок со челниците на Израелските железници и оти тој се наоѓа во забрзана процедура во комисиите за планирање. Катц изјави дека железничката станица за брзиот воз ќе им овозможи на посетителите да стигнат до „пулсирачкото срце на еврејскиот народ - Западниот рид и Ридот на храмовите“. Тој предложи идната станица да биде наречена по Доналд Трамп „поради неговата неодамнешна храбра и историска одлука да го признае Ерусалим за главен град на Израел“. Во октомври Кац веќе по американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли нарече една огромна дупчалка за тунели. Тој го образложи тоа со заложбите на Хејли за Израел во Светската организација.

Фотографија: picture alliance/dpa/AAM. Elshamy

Објавата на Трамп ги разбесни Палестинците и голем дел од муслиманскиот свет. Генералното Собрание на ОН минатата недела усвои резолуција со која се одбива признавање на Ерусалим како главен град на Израел, додека неколкумина традиционални американски сојузници гласаа во полза на одлуката на Трамп.

Предлогот за возот кон Западниот ѕид најверојатно ќе наиде на противење од меѓународната заедница, која не признава израелски суверенитет над источен Ерусалим и над Стариот град, кои Израел ги освои во 1967 година во Блискоисточната војна и потоа ги анектираше. Палестинците бараат источен Ерусалим и Стариот град, седиштето на муслиманските, христијанските и еврејските свети места, да биде главен град на нивната идна држава.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми