1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ескалација во трговската војна помеѓу САД и Кина

ЕМФ / дв
10 мај 2019

САД ги зголемија значително царините за увоз на стока од Кина, но разговорите за наоѓање решение во трговската војна помеѓу Вашингтон и Пекинг сепак не се прекинати.

Symbolbild USA China Beziehungen Hacking
Фотографија: Reuters/H. Kang

Од денеска американските казнени царини на увоз од Кина за стока во вредност од 200 милијарди долари ќе се зголемат од 10 на 25 проценти.

Министерството за трговија во Пекинг веднаш најави „неопходни контрамерки“, но не наведе детали како тие мерки би можеле да изгледаат. Кинескиот вицепремиер Лиу Хе се надева на „разумна и отворена размена на мислења“ за проблемот. На почетокот на дводневните разговори во Вашингтон тој вчера јасно стави до знаење дека се надева на наоѓање решение. Зголемување на царините, според него, не е решение.

Преговорите во Вашингтон продолжуваат денеска. Американскиот ополномоштеник за трговија Роберт Лајтхајзер и американскиот министер за финансии Стивен Мнучин вчера имале консултации со американскиот претседател Доналд Трамп околу натамошните постапки. Потоа Лајтхајзер и Мнучин имале средба со кинескиот вицепремиер Лиу, но за резултатите од тие разговори нема информации.

Кинескиот вицепремиер Лиу Хе се надева на „разумна и отворена размена на мислења“ Фотографија: picture-alliance/AP Photo/M. B. Ceneta

Трамп во своите последни изјави околу трговскиот конфликт рече дека е можно тој да биде решен уште неделава. Американскиот претседател нагласи дека од кинескиот претседател Ши Џинпинг добил „убаво писмо“. Во писмото Ши напишал дека треба да се соработува и да се најде начин за надминување на проблемите.

Повеќе:

Трамп го зголемува притисокот врз Кина

Побрзо да се избегне царинска војна помеѓу САД и ЕУ

До претходниот викенд сѐ укажуваше на тоа дека ќе се најде излез од трговскиот конфликт. Меѓутоа, потоа изби жесток судир околу формулациите во предлог договорот помеѓу двете страни. Американски владини службеници објаснија дека Кина се повлекла по речиси сите точки. Во речиси 150 страници обемниот предлог договор Пекинг систематски ги отстранил сите суштински барања на американската страна, како отворање на кинескиот пазар, подобра заштита на интелектуалната сопственост и помала принуда во делот на трансферот на технологија во Кина.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми