1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ескалира Брегзит-спорот помеѓу Ирска и Северна Ирска

Мартин Кох
3 февруари 2022

Во спорот околу специјалните Брегзит-правила за Северна Ирска, самостоен потег на северноирскиот министер за земјоделство Едвин Путс ги загрозува преговорите со ЕУ.

Nordirland Brexit | Grenzübergangsstelle
Фотографија: Liam Mcburney/PA Wire/dpa/picture alliance

Министерот за земјоделство на Северна Ирска, Едвин Путс, издаде наредба за итно запирање на сите контроли на прехранбени производи кои доаѓаат од Велика Британија и со тоа предизвика жесток спор. Согласност за царински контроли беше постигната во рамките на преговорите околу Брегзит што ги водеа ЕУ и Велика Британија. Путс сега вели дека по советување околу правната ситуација е дојдено до заклучок дека тој може да побара запирање на контролите.

Политичарот од протестантската Демократската унионистичка партија (ДУП), која го отфрли протоколот за Северна Ирска и се залага за тесно поврзување со Велика Британија, се повикува на правно вештачење, според кое мерките не смееле да се донесат без согласност на северноирската регионална влада. „Сега издадов формална наредба за денеска (четврток, н.з.) на полноќ да запрат сите контроли кои сѐ уште не биле стапени во сила на 31 декември 2020 година“, изјави Путс.

Министерот за земјоделство на Северна Ирска, Едвин Путс, издаде наредба за итно запирање на сите контроли на прехранбени производи кои доаѓаат од Велика Британија и со тоа предизвика жесток спорФотографија: Jason Cairnduff/FREUTERS

Инаку, 31 декември 2020 година беше последниот ден од ЕУ-членството на Велика Британија. Брегзит-правилата почнаа да важат од 1 јануари 2021 година.

Критики за потегот на Путс

Мишел О'Нил, која е заменичка Прва министерка на Северна Ирска, а доаѓа од партијата Шин Фејн, го критикуваше потегот на Путс, оценувајќи дека тој претставува неосновано мешање во националното и меѓународното право.

Одлуката на Путс веројатно нема да наиде на добар одек ниту во ЕУ, која со Лондон преговара за Брегзит-правилата за Северна Ирска. Ирското Министерство за земјоделство во Даблин, пак, критикува дека со потегот на Путс се крши договорот за излегување на Велика Британија од Европската унија.

Крај на контролите - почеток на поделба?

Основа за контролите на границата е т.н. Протокол за Северна Ирска. Тој предвидува Северна Ирска и натаму да ги следи правилата на внатрешниот пазар на ЕУ и царинската унија. Со тоа би се спречила остра граница кон членката на ЕУ - Ирска, која би можела да доведе до нови тензии во регионот. Поради тоа, контролите на протокот на стоки на границата помеѓу Северна Ирска и главниот британски остров се поместени. Севернориските националисти жестоко критикуваат дека тоа значи почеток на разделба од Велика Британија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми