1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Етихад Ервејз влегува кај Алиталија

ЖА/дв/дпа/афп/ртре9 август 2014

Италијанската од криза потресувана авиокомпанија Алиталија, засега е спасена. Арапскиот авиопревозник Етихад Ервејз презема 49 отсто акции на Алиталија, доколку добие зелено светло од антикартелските власти.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Габриеле Дел Торхио и Џејмс Хоган, извршните директори на авио превозниците Етихад и Алиталија потпишаа синоќа во Рим финансиски договор со кој компанијата од Обединетите Арапски Емирати презема 49 отсто од акциите на италијанскиот загубар. Етихад Ервејз презема толкав број акции на Алиталија за инвестиција од 387,5 милиони евра. Со договорот се подразбираат и инвестиции во вкупна вредност од милијарда и 758 милиони евра во Алиталија. Патниците од Италија ќе имаат поголем избор на дестинации, додека новите глобални врски ќе придонесат за пораст на туризмот, се вели во соопштение од двете компании. Планот на компаниите е до 2017 година да се постигне одржлива профитабилност. Хоган меѓутоа најави дека за одржување на ликвидноста на Алиталија ќе бидат нужни одредени резови. Во 68-годишната историја на Алиталија ретко беше постигнат успех и постојано доаѓаше до црвено салдо.

За Етихад Ервејз договорот е важен чекор напатот кон свој сопствен авио-сојуз по примерот на Луфтханза, доколку антикартелските власти дадат одобрение. Во фокусот на планот се наоѓа партнерот Ер Берлин, кого Етихад Ервејз по влезот во него во 2011 година со финансиски „инјекции“ од околу 800 милиони евра, го одржува „над вода“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми