1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Етничката припадност ќе влезе во личните карти?

10 февруари 2021

Според БЕСА, со надлежните институции се дефинираат техничките детали за имплементација на нивното барање. Од СДСМ му даваат поддршка на предлогот.

Alter mazedonischer Pass
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта е дел од пакетот закони чии текстови Владата ги утврди на 19-ти јануари, меѓу кои и Предлог-законот за изменување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија (фото: стар македонски пасош)Фотографија: DW/T. Schultz

Предлогот на Движењето БЕСА за додавање етничка припадност во личните карти се ближи кон целта. Ова го најавува пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи, кој вели дека со надлежните институции се дефинирале техничките детали за имплементација на законот, и се очекува тој да биде разгледан во матичната собраниска комисија во најбрз можен рок.

„Позициите се усогласени, треба да ја направиме техничката подготовка во врска со седницата и ставањето на оваа точка на дневен ред во Комисијата. После тоа се враќа на пленарна седница за одобрување, бидејќи е по скратена постапка само еднаш ќе се разгледува во Комисијата доколку има измени и дополнувања, а потоа ќе оди на одобрување на пленарна седница“, изјави Реџепи за ТВ „Алсат -М".

Од усогласување до разиjдување

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта, е дел од пакетот закони чии текстови Владата ги утврди на 19-ти јануари годинава, меѓу кои и Предлог-законот за изменување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, како и Предлог на закон за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Како што соопшти владината прес-служба, утврдувањето на овие текстови е поради усогласување со законските решенија во Законот за употреба на јазиците, како и од аспект на рокот на замена на постојните патни исправи кои го содржат натписот „Република Македонија“ со патни исправи со новото уставно име на државата, запазувајќи го рокот наведен во членот 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од 33 до 36 на Уставот на Република Северна Македонија.

Предлогот на БЕСА за додавање етничка припадност во личните карти се ближи кон целтаФотографија: DW

По многу нејасни, а често и контрадикторни изјави дали ќе има ознака за етничка припадност со предложените нови законски измени, во јануари под критика за ова прашање се најдоа и премиерот Заев и коалицискиот парнер БЕСА. Алијанса за Албанците реагираше на изјава на премиерот дека новиот закон за лични карти нема да вклучува ознака за етничка припадност. 

„Неговото образложение е дека тоа е технички и ќе треба да се чека на „тендерот” на нов оператор за биометриски документи! Од кога правото за утврдување на етничка припадност треба да помине на 'тендер'? Каде остана вашиот заеднички договор и ветување во изборната кампања на коалицијата 'Можеме' кон Албанците, или ова беше следната двојна измама од страна на СДСМ-БЕСА?", реагираше партијата.

Од Алијанса за Албанците тогаш ја запрашаа БЕСА - која е причината за нејзиниот натамошен престој во Владата, кога единственото залагање и образложение за учество во владејачката коалицијата и било воведување на етничката припадност во личните документи. 

Повеќе:

Еден попис - триста дилеми

Видливи - невидливи: Се бара нов пат до државјанство

Најмалку седум месеци до македонски пасош!

СДСМ ја поддржува измената

Но, според вчерашната изјава на координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, Јован Митрески, се чини дека нема недоразбирања, и дека СДСМ го поддржува предлогот на БЕСА.

„Ние ја поддржуваме таа измена, со тоа што разговараме за техничките детали, односно можноста за примена, со оглед на можностите на Министерството за внатрешни работи за воведување на таа графа во личните карти. Станува збор за обрасци, за кои по претходниот закон веќе има нарачки од МВР, и кога би можела да се случи, да се направи таа измена, сѐ со цел да нема дополнителни  трошоци, и тие трошоци да не бидат на товар на граѓаните при промените на личните карти“, изјави Митрески.

Барања за разграничување на државјанството со етничката припадност, не се од вчера, а доминираа пред усвојувањето на уставните измени кои произлегуваа од Преспанскиот договор. 

Во албанскиот блок партии, потребата од вклучувањето на етничката припадност во личните карти најчесто се аргументираше и со нужноста од спречување на бројни манипулации со етничка припадност при вработувања во државната администрација, според принципот на соодветна и правична застапеност.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми