1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еуроњус: Македонските граѓани не се на листата за влез во ЕУ

ЕМФ
26 јуни 2020

ЕУ и натаму е неединствена околу укинувањето на забраната за влез на граѓани од трети држави поради пандемијата на коронавирусот. Еуроњус објавува листа на земји меѓу кои ја нема Северна Македонија.

Polen EU-Grenzen sind wieder offen | ARCHIV  Franfurt/Oder - Slubice
Фотографија: AFP/O. Andersen

Кои земји ќе се најдат на листата на ЕУ со држави чии граѓани ќе смеат да влезат во ЕУ е прашање околу кое се’ уште нема договор. ЕУ-амбасадорите попладнево повторно расправаат за листата и критериумите според кои таа ќе биде составена, но како што се вели од дипломатски кругови во Брисел, можно е и денеска да нема договор, па разговорите да продолжат во понеделник.

Повеќе:

Бројките велат дека ЕУ ќе остане затворена за македонските граѓани

Аеродромите се отвораат, летови засега нема

Владата ги отворa границите- каде може да се патува?

Она околу што се согласуваат европските дипломати е дека нема единствен став во врска со критериумите за укинување или продолжување на ограничувањата од 1 јули. Според досега дискутираниот главен критериум -  број на новозаразени лица, забраната за влез во ЕУ би важела и натаму за граѓаните на САД, Бразил или Русија, но не и за граѓаните на Кина. 

Во моментов особено се спори околу критериумот на доверливост на податоците за бројот на заразени во државите надвор од ЕУ. Според дипломати, некои земји се сомневаат дека податоците од Кина се доверливи и дека реално ја отсликуваат состојбата со пандемијата во земјата.

Тоа е „едно од најпроблематичните прашања“, вели за агенцијата АФП дипломат од источноевропска земја членка на Унијата. Според него, не е можно да се укинат ограничувањата за земји кои даваат „податоци со сомнителен квалитет“.

Освен тоа, постојат различни ставови и околу тоа дали отворањето на границите треба да оди претпазливо или во голем обем. Туристичките земји од југот на Европа, како Грција или Кипар, бараат што е можно поголемо отворање, вели друг дипломат. Земји како Данска, пак, се против такво нешто и се залагаат за рестриктивна линија.

Иднината на патувањето со авион

01:47

This browser does not support the video element.

Како неспорен важи критериумот дека бројот на новоинфицирани во една држава треба да е барем исто толку низок како во ЕУ за да бидат укинати ограничувањата за влез на нејзините граѓани во Унијата. Во интерен документ на ЕУ неделава е наведен број од 16 нови инфекции на 100.000 жители за периодот од 15 јуни наваму.

Еуроњус, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел, денеска објави предлог листа на земји за чии граѓани ќе се отворат границите на Европа, и на таа листа ги нема САД, Бразил, Катар и Русија. Освен тоа, на листата, како единствена земја од регионот, ја нема и Северна Македонија, која во моментов бележи голем број на новоинфицирани лица. На предлог листата објавена од Еуроњус стојат Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово. 

Со оглед на тоа што основа за листата е стапката на инфекција во погодените земји, таа може постојано да се менува. Предвид ќе се земаат и здравствените системи, односно бројот на кревети за интензивна нега и респиратори со кои располагаат земјите.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми