1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Еуро 2024 во Германија- логичен избор

Јоша Вебер
28 септември 2018

По четири неуспешни кандидатури за организација на ЕП во фудбал, Турција ќе беше на ред. Но, сепак Еуро 2024 ќе се одржи во Германија. Исправен избор на УЕФА, смета Јоша Вебер.

UEFA EURO 2024 Bewerbung: Entscheidung am 27. September.
Фотографија: picture-alliance/SvenSimon/F. Hoermann

Кога еден германски новинар, кој работи за германски медиум, вели дека со Германија вистинскиот кандидат победил на трката за организација на Европското првенство во фудбал во 2024 година, тоа е пред сѐ очекувано. Се разбира, постојат изразени патриотски модели на однесување во спортот, а исто така и во спортското новинарство: имено насекаде во светот е сосема нормално фудбалскиот коментатор  да го слави голот на својот национален тим. Особено во Германија. Фудбалот и германската репрезентација се национално културно богатство, можеби последниот камперски оган околу кој сѐ уште може да се собер расцепканото општество. Па сепак има повеќе од само национална радост околу турнирот во сопствената земја, кога се вели: Германија е вистинскиот избор.

Прво, Германија е домаќин на турнирот кој е уставна демократија, која го почитува владеењето на правото и ги заштитува човековите права. Ова денес повеќе не се подразбира само по себе. Светски првенства во Русија и во Катар, натпревари од Европски шампионат во Азербејџан, Олимписки игри во Кина - трендот сé почесто организацијата на големи настани да им се доделува на автократските системи е загрижувачки. Зашто ваквите настани режимот секогаш ги користи за полирање на имиџот, и тие во заднина ги потиснуваат негативните наслови за угнетувањето на малцинствата или оние кои мислат поинаку, за апсењето на новинарите и за експлоатацијата на природата.

На УЕФА и е важно само една: парите

Турција под водство на претседателот Реџеп Таип Ердоган ќе се приклучеше на оваа сомнителна серија: истомислечки медиуми, бранови на отпуштањата, шпионирање на опозицијата, судството под контрола на владата. При сета спортска праведност, со оглед на сега веќе четири неуспешни турски апликации за организација на ЕП во фудбал по ред треба да се каже дека сѐ додека Ердоган ги крши демократските принципи, не смее да му се додели фудбалски турнир како Пи-Ар подарок.

Јоша вебер, автор на коментарот

Второ, Германија е подобар домаќин на УЕФА, бидејќи е поим за економска сила и стабилност. Иако Турција на УЕФА предвид ѝ стави поголеми даночни дарови отколку Германија и сакаше  бесплатно да ги стави на располагање своите стадиони, сепак потклекнатата турска економија, падот на вредноста на лирата и конфронтацијата на претседателот Ердоган со Западот претставуваа преголем економски ризик за УЕФА. На крајот, на УЕФА пред сѐ и е важно едно нешто: пари. Од Европското првенство 2016 во Франција, на УЕФА ѝ остана неверојатна добивка од 800 милиони евра. Претседателот Александер Чеферин ги означи можностите за остварување приход „апсолутно одлучувачки“.

Трето, дури и некои поддржувачи на турскиот фудбал беа против доделувањето на ЕП во фудбал на Турција. Она што се чини неразбирливо на прв поглед станува разбирливо при поблиска проверка. Турската Супер лига сѐ уште  се нема опоравено од корупциските скандали од последниве години, и навивачите се скептични во однос на Фудбалскиот сојуз. И неговиот претседател Јилдрим Демирорен е дел од проблемот. Тој го дотера Бешикташ Истанбул како покровител и претседател во економски превирања, ги исфрли новинарите кои го критикуваа националниот тренер од медиумските куќи, кои ги поседува и се смета за продолжена рака на Ердоган. Европско првенство во негови раце?  Тоа воопшто не е добра идеја.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми