1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ – Балкан

5 јуни 2005

По француското и холандскот не за евроспкиот устав во телата на Европската унија се множат гласовите кои бараат забавување на процеот на проширување на Унијата. Многу граѓани на Европа сметаат дека со нови примања Унијата би била преоптоварена, може да се слушне во анализата во Европскиот парламент.

Приемот на Хрватска и Македонија или дури Украина, во моментов не е на дневен ред, се вели, а гласањето во Франција и Холандија критичарите на почетокот на преговорите за членство со Труција го сметаат како потврда на нивниот став. Како се реагира на Балканот? За ова во Загреб два дена разговараа претставници на земјите од регионот.

Владите на балканските земји се нервозни, а Европската унија е во криза. Кандидатите за членство страхуваат дека проширувањето ќе се одолговлечи. Унгарија и Словенија успеаја, нивниот сосед Хрватска не. На премиерот Иво Санадер посебно му се брза. Тој би сакал преговорите за членство да започнат уште во овој месец:

„Хрватска е типично европска земја. Многумина Германци што доаѓаат кај нас можат тоа да го потврдат. Едноставно Хрватска припаѓа таму„.

Но, и покрај тоа што Французите и Холанѓаните го одбија уставот, евро-пратеникот од ЦДУ Елмар Брок смета дека вратата мора да остане отворена, но бара и разбирање од кандидатите за членство:

„Мора да видиме дека тоа може да се случи само во поврзаност со можностите за прием и желбата за тоа на граѓаните од државите во Европската унија. Затпа мора одново да се размисли дали не може да се договори меѓуфаза како опција до целосното членство„.

А, што е со државите меѓу Загреб и Истанбул? Координаторот на Пактот за стабилност Ерхард Бусек предупредува да не се упатат погрешни сиганли:

„За регионот, токму прашањето на Хрватска има посебно значење. Влијанието на тој пример, ако се одбие Хрватска, би влијаело исклучително негативно во регионот„.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми