1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ бара дејствување, Русија набљудува

СН/ агенции
1 октомври 2018

Високите претставници на ЕУ, Федерика Могерини и Јоханес Хан заеднички реагираа на исходот на референдумот со порака дека на потег е парламентот. Прва воздржана реакција пристигна и од Москва.

Belgien Brüssel Federica Mogherini, left, and EU Enlargement Commissioner Johannes Hahn
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/G. Vanden Wijngaert

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан соопштија денеска дека по референдумот во Македонија „парламентот треба да ги направи наредните чекори околу примена на договорот за името и да одлучи за усвојување на уставните промени“.

На прашањето од новинарите дали Европската Комисија смета дека референдумот во Македонија е успешен или не, наведоа оти на референдумот „големото мнозинство од оние кои го остварија своето право на глас рекоа 'да' за договорот од Преспа за името и за нивниот европски пат“.

Повеќе:

-Резултатите од Македонија ја тресат Грција

-Горчлива лекција во Македонија

-Ниска излезност и нова неизвесност

Во соопштението се наведува дека „граѓаните на Поранешна Југословенска Република Македонија имаа можност да гласаат за иднината на својата земја“, подвлекувајќи оти тоа е „историска можност не само за помирување во регионот, туку и за одлучувачки чекори на нивниот пат кон Европска унија“.

Лидерот на социјалистите во Европскиот парламент, Удо Булам, истовремено соопшто дека оваа политичка групација е „задоволна оти мнозинството (на референдумот) го поддржа договорот меѓу премиерите Заев и Ципрас... со што на Скопје му е отворена вратата кон ЕУ и НАТО“, иако „за жал референдумот не достигна 50 отсто“ гласачи.

Булам во име на европските социјалисти наведува дека „невидената кампања на дезинформации“ обесхрабила многу луѓе да гласаат и оти делови од опозицијата која припаѓа на Европската народна партија и претседателот на земјата го бојкотираа референдумот и повторно покажаа дека се опортунисти и кратковиди националисти.

Во соопштението на социјалистите се наведува и „особената загриженост поради извештаите за руско мешање во изборниот процес“ и се додава оти „овие извештаи мораат да се проверат“.

Димитриј ПесковФотографија: picture-alliance/M.Metzel

Во меѓувреме стигна и првата реакција од Русија. Кремљ внимателно ја следи ситуацијата во Македонија по референдумот за промена на името на земјата и смета дека сите процеси кои се одвиваат таму мора да бидат во рамките на законот, изјави портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми