1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

ЕУ ја нападна АстраЗенека за вакцините

ДТЗ /ДВ
25 јануари 2021

Фармацевтската компанија се најде на удар на критиките дека не успеала да ги достави ветените дози на вакцини за блокот и покрај тоа што добила финансиска помош од ЕУ

Symbolbild Impfstoff AstraZeneca Coronavirus Impfstoff
Фотографија: Leon Neal/Getty Images

Европската Унија ја нападна АстраЗенека, обвинувајќи ја фармацевтската компанија дека не успеала да ги достави ветените дози на вакцини за блокот и покрај тоа што добила финансиска помош од ЕУ за зголемување на производството на вакцини.
ЕУ, која веќе се соочува со големи критики за бавно доставување на вакцините за нејзините 27 земји членки, предупреди дека за неколку дена ќе наметне  одобрување за извоз на сите вакцини против Ковид-19 произведени на нејзина територија.
„Европската Унија ќе ги преземе сите потребни мерки за да ги заштити нејзините граѓаните и нејзините права“, рече комесарот за здравство Стела Киријакидес.
ЕУ, која има 450 милиони жители и економска и политичка моќ на најголем светски трговски блок, многу заостанува зад земјите како Израел и Велика Британија во обидот за вакцинирање на што поголем број здравствени работници и на најранливите групи. Ова се случува и покрај тоа што има повеќе од 400.000 потврдени смртни случаи од вирусот од почетокот на пандемијата.

Притисок
Недостигот на  вакцини од АстраЗенека, којашто се очекува да добие медицинско одобрение од ЕУ во петок, во комбинација со проблемите при испораката на вакцините на Фајзер/Бионтек, создава голем притисок врз земјите-членки на ЕУ. Недостигот е дотолку поголем, што Киријакидес кажа дека ЕУ платила 2,7 милијарди евра (3,28 милијарди долари) на неколку фармацевтски компании да го поддржат брзиот развој и да го зголемат производствениот потенцијал на неколку вакцини.
Киријакидес веднаш ја доби поддршката од најголемата членка на блокот за контрола на извозот на вакцини.

-повеќе на темата: Вакцини – една чиста европска конфузија

„Ние, како ЕУ, мора да знаеме дали и какви вакцини се извезуваат од ЕУ“, вели германскиот министер за здравство, Јенс Шпан. „Само на тој начин можеме да разбереме дали договори на ЕУ со производителите се почитуваат. Оправдана е обврската за добивање одобрение за извоз на вакцини на ниво на ЕУ", вели тој. Хуманитарен пратки би биле ослободени.

Состаноци

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен одржа итни разговори со шефот на АстраЗенека, Паскал Сорио, а и земјите од ЕУ исто така се состанаа со АстраЗенека за да ја охрабрат британско-шведската компанија за да го забрза производство на вакцини и да ги исполни договорените обврски. 
„Одговорите на компанијата досега не беа задоволителни“, рече Киријакидес и додаде дека е планиран уште еден состанок. 
ЕУ се обврза да купи 300 милиони дози на вакцината на АстраЗенека со опција за 100 милиони дополнителни дози. Кон крајот на минатата недела, компанијата соопшти дека планира да го намали првиот контингент од 80 милиони на 31 милион.
Предвидено е Европската агенција за лекови во петок да ја разгледа вакцината против корунавирус на Оксфорд-АстраЗенека, чие одобрување се очекува со нетрпение. Оваа вакцина веќе се користи во Велика Британија и е одобрена за итна употреба од повеќе земји, вклучувајќи ги Индија, Пакистан, Аргентина и Мексико.

Ковид-19: Долгиот пат на опоравување

03:31

This browser does not support the video element.

-повеќе на темата: Ковид-19: Повеќе вакцини за ЕУ – на пролет 

Најавата на АстраЗенека дека ќе достави помалку вакцини во ЕУ само го зголеми притисокот врз блокот од 27 земји, особено откако Фајзер/Бионтек, првата вакцина што доби одобрување од ЕУ, не успеа минатата недела да ги исполни ветените испораки. Фајзер привремено ги намали испораките на вакцини во ЕУ и во Канада, како што ги  реструктуира своите погони во Белгија, за да се зголеми во целина производството. Италија се закани дека ќе го тужи Фајзер за одложувањата.
Политичкиот притисок ја поттикна Европската комисија да тргне во акција. Фон дер Лајен му се јави на шефот на АстраЗенека. 
„Таа јасно стави до знаење дека очекува АстраЗенека да го испорача она што е предвидено со договорот за авансно купување на вакцини“, рече портпарол Ерик Мамер.
„Таа го потсети г. Сорио дека ЕУ инвестираше значајни износи на средства во компанијата, однапред уплатени, за да се осигура дека производството е зголемено, дури и пред да биде доставена авторизацијата од Европската агенција за лекови“.
Компанијата во соопштението рече дека Сорио „ја нагласил важноста за партнерскиот однос и дека АстраЗенека прави се што може за да им ја донесе вакцината на милиони Европејци што поскоро''.

-повеќе на темата: Ризици и нуспојави од вакцините против коронавирус

Одложувањата ќе го отежнат исполнувањето на целите на ЕУ да се вакцинира 70% од возрасната популација до крајот на летото. ЕУ потпиша шест договори за вакцини за повеќе од 2 милијарди дози, но само вакцините на Фајзер/Бионтек и Модерна досега се одобрени за употреба.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми