1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕП предупредува од руската пропаганда

Луис Сандерс
14 октомври 2016

Комисијата за надворешна политика на ЕП смета дека ЕУ е цел на систематски медиумски напади од Москва.

Symbolbild russische Propaganda
Фотографија: picture alliance/Bildagentur-online

Руската влада, според предлог резолуцијата на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент која датира од почетокот на неделава, врши пропаганда со цел да се уништат демократските вредности во Европа, притоа целејќи на одделни новинари и политичари во ЕУ.

Во заклучокот на Комисијата се вели: „Руската влада за да ги напаѓа демократските вредности, да ја подели Европа и да собере поддршка во Русија и да создаде впечаток дека има пропаднати држави во источното соседство на ЕУ, на агресивен начин употребува широк спектар средства, како тинк-тенк организации, повеќејазични медиуми (на пример Раша Тудеј), псевдо-новински агенции, социјални медиуми и интернет-тролови.“

Европските пратеници ги повикуваат медиумските претставници во ЕУ да собираат докази за ваквата пропаганда и изразуваат загриженост дека некои држави членки на ЕУ поради недоволната свест за руските активности, се цели на засилена руска пропаганда и дезинформации.

ЕУ-работна група за стратешка комуникација сега би требало да дејствува против пропагандата. Резолуцијата препорачува оваа работна група да создаде „целосно единство“ во рамки на ЕУ-дипломатијата и да биде опремена со „соодветен персонал и финансиски средства“.

Ана Фотига, известувач за резолуцијата, за ДВ изјави дека мора да се стори повеќе за да се демаскираат „пропагандните механизми“ насочени кон одделни држави на Унијата и на ЕУ и Западот во целост.

Маргарита Симонјан, главна уредничка на РТФотографија: RIA Novosti

Маргарита Симонјан, главна уредничка на РТ (порано Раша Тудеј), пак, оценува дека резолуцијата значи кратење на слободата на медиумите во ЕУ. Таа во писмената реакција за ДВ пишува:

„Тоа е прилично интересна верзија на многуфалените западни вредности, пред сѐ слободата на медиумите. Во пракса, тоа оди во насока на тоа да се напаѓаат малкуте различни гласови меѓу буквално илјадниците европски медиумски претпријатија.“ Симонјан додава: „Ако нешто ја поткопува довербата на јавноста во европските институции, тогаш тоа е ова.“

Методите се „прерафинирани“

Томас Оливие, шеф на консултантската фирма „Lowlands Solutions“ со седиште во Холандија, оценува дека руската кампања има корени во критиките на Западот на сметка на Русија поради нејзините демократски дефицити:

„Руската пропаганда секогаш цели на поткопување на демократските вредности на Европа, поради тоа што политичкиот систем во Москва низ историјата од страна на Западот често се критикува како тоталитарен, лош и нечовечки“, вели Оливие за ДВ.

Тој се сомнева дека резолуцијата навистина може да дејствува против стратегијата на руските медиуми и нивните поддржувачи. Голем дел од руските мерки се едноставно прерафинирани и маскирани за да може да се дејствува против нив и тие да бидат неутрализирани.“

„Корумпиран, декадентен Запад“

Центарот за европски политички анализи со седиште во Вашингтон во еден свој извештај во август ги истражува трендовите на руска пропаганда и предложи контрастратегии. Во извештајот се вели: „Руската кампања на дезинформирање во Централна и Источна Европа ги надминува јазичните и политичките бариери и граници. Таа ги користи политичарите кои протестираат и се ориентирани контра естаблишментот, и тоа од двата краја на политичкиот спектар, за да ги дискредитира владите, политиката и институциите на Западот, како што се ЕУ и НАТО. Во истовреме, таа ја потврдува пораката на Кремљ.“

Новопредложената резолуција не е прва во која ЕУ предупредува од можни последици од руската пропаганда. Сепак, таа е ново поглавје во обидите да се влијае врз информациите и градењето мислење. Гласањето за резолуцијата во ЕП е планирано за ноември.

 

 

Користењето на оваа содржина е дозволено единствено со согласност на редакцијата на ДВ. За условите за користење информирајте сетука

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми