1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ во јули повторно ќе расправа за отворањето на пристапните преговори на Хрватска

13 јуни 2005

Евроминистрите за надворешни работи најавија дека во средината на јули повторно ќе расправаат за отворањето на преговорите за членство на Хрватска во ЕУ . На денешниот втор ден од состанокот во Луксембург тие ја разгледуваат актуелната состојба во соработката на оваа земја со Хашкиот Трибунал но и ситуацијата во останатите земји од Западниот Балкан. Сепак најмогу внимание во Луксембург предизвикува спо

Фотографија: dpa

рот околу идниот буџет на Унијата ,за чија судбина , одлуката најверојатно ќе мора да ја донсеат лидерите на земјите членки на ЕУ на Самитот во четврток и петок

Европската Унија ја повикува Хрватска да продолжи со интензивното спроведување на акциониот план за решавање на случјот на генралот –бегалец Анте Готовина и се обврза дека во средината на јули повторно ќе расправа за отворањето на преговорите за пристап на оваа земја во Унијата .

Во нацрт заклучоците , од состанокот на Советот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ кој се одржува во Луксембург , поздравено е подобрувањето на соработката на Хрватска со Хашкиот Трибунал , кое во своето писмо до претседателството на ЕУ го потврди главната обвинителка на Хашкиот Суд , Карла Дел Понте .

„Советот на министри со задоволство го прифаќа тој став и ја охрабрува Хрватска да продолжи со интензивириањето на своите напори на тој план .

Советот на министри во заклучоците повторува дека меѓувладината конференција по повод отворањето на преговорите ќе биде свикана , веднаш штом се утврди дека Хрватска во целост соработува со Хашкиот Трибунал

Инаку во фокусот на овој состанок на шефовите на дипломатии на ЕУ кој всушност е подготвителен состанок за Самитот на шефови на држави или на влади на земјите членки на Унијата беше идниот буџет на ЕУ .

Министрите направија неуспешен обид за постигнување согласност во текот на вчерашниот прв ден од состанокот , со што би ја завршиле работата за своите лидери на самитот кој ќе се одржи во четврток или петок.

На Самитот треба да расчистено колкави смеат да бидат трошоците на Унијата за периодот 2007 – 2013 година. Едно од главните спорни прашања е рабатот што го добива Велика Британија. Лондон го доби рабататот во 1984 година поради тоа што добива помалку пари за своите селани од другите држави-членки. Во врска со тоа, британскиот министер за надворешни работи Џек Стро критикуваше што околу 40 насто од буџетот на Унијата се троши за земјоделски субвенции и затоа мораат да бидат намалени. Против ова е Франција која најмногу профитира од аграрната политика на Унијата. Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер многу пластично ја опиша атмосферата на состанокот:

„ Предизвикот е голем . Дали на крајот ќе се успее останува да види . За тоа треба да помогне Советот на шефови на држави или на Влади на Унијата“

Истотака возбудлива тема со која ќе се занимаваат европските лидери во четврток и петок ќе биде иднината на Уставот на Унијата по неуспешните референдуми во Франција и Холандија . Министрите не разговараа за тоа но сепак на маргините на состанокот во Луксембург беше расправано за предлогот за т.н пауза за размислување од една до две години , која меѓу другото ја предлагаше и германската опозиција. Фишер е скептичен во однос на тој предлог:

„ Што значи пауза . Мислам дека не треба да се прави пауза за размислување . При анализирањето не треба да се прави пауза . Кога станува збор за практичните консеквенци таму ќе биде потребно определено време “.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми