ЕУ ги повика партиите во Албанија да постигнат консезус околу изборот на претседател
11 јули 2007Реклама
ЕУ побара консензус меѓу власта и опозицијата во Албанија околу изборот на шеф на државата. ЕУ ја предупреди земјата дека претседателската криза, која сериозно се заканува да ја втурне Албанија во предвремени избори може негативно да се одрази врз процесот на евроинтеграции. Албанскотот собрение сеуште не успеа да избере претседател. Според албанскиот Устав, доколку Парламентот и по пет гласања не успее да избере претседател, тогаш тој мора да се распушти, а изборите да се одржат во рок од 60 дена.