1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ ги повлече своите претставници од северниот дел на Косово

Агенции26 февруари 2008

На Косово е мирно по синоќешните (25.02.2008) демонстрации во кои се повредени најмалку 19 припадници на косовската полиција. Најжестоко беше на граничниот премин Мутивода каде протестираа стотици српски воени резервисти

КосовоФотографија: AP
Официјален Белград останува на ставот дека Србите во северниот дел на Косово треба да добијат највисоки права. Србија ќе направи се`што е во нејзина моќ нејзините лојални граѓани да добијат државни привилегии и сопствена управа на Косово, изјави премиерот Воислав Коштуница. Истовремено тој ги повика ЕУ и НАТО да реагираат во врска со ова прашање. Инаку, денеска, во северниот дел на Косово е мирно. Покрај граничниот премин Мутивода, синоќа се одржаа демонстрации и во поделената Косовска Митровица, каде на улица излегоа околу 2000 Срби. Косовската полиција употреби солзавец за да ги растера демонстрантите. Во вакви услови срспкиот министер за Косово и Метохија, Слободан Самарџиќ го посети регионот, што предизвика реакција во Приштина. Вицепремиерот на Косово, Хајредин Куки, посетата на Самарџиќ ја оцени како провокација: „Се надевам дека разбираат дека Косово сега е независна држава и дека нема потреба да прават такви провокации. Тие треба да најдат начин за соработка со Косово, а не работи кои не‘ провоцираат. Тие го провоцираат нашиот народ и ја зголемуваат тензијата на Косово„ ЕУ не е загрижена за ситуацијата на Косово Брисел во меѓувреме одлучи привремено да ги повлече своите претставници од северниот дел на Косово. Високиот претставник на ЕУ, Хавиер Солана, сепак нагласи дека унијата генерално не е загрижена за ситуацијата на Косово, но потребно е да се преиспита ситуацијата на теренот: „Мисијата која ја договорија земјите членки, за нас е мисија која ќе ја покрива целата територија на Косово„, изјави Солана додавајќи дека одговорноста на Косово сеуште е во рацете на УНМИК и КФОР. Брисел повикува на смирување на ситуацијата на целата територија на Косово, што според Солана е важно за напредокот на Србија кон ЕУ. Во меѓувреме словенечкиот министер за надворешни работи и претседавач со унијата, Димитриј Рупел изјави дека политичкиот договор со Србија е на маса и Белград може веднаш да го потпише.
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми