1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ го поддржува Косово во евроатлантските интеграции

20 мај 2011

Претседателот на ЕК ги повика претставниците на косовските институции да продолжат конструктивно да се ангажираат во дијалогот со Белград и вети дека ЕУ ќе го поддржува Косово при евроатланските интеграции.

Жозе Мануел Баросо и Хашим ТачиФотографија: DW

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска во Приштина изјави дека европската перспектива на Косово зависи од неговите граѓани и институции и дека ЕУ ќе продолжи силно да го подржува Косово со значителни финансиски средства на патот кон ЕУ и НАТО.

„Иднината на Косово во целост зависи од граѓаните на Косово, ние ќе ви помогнеме, но народот и Владата на Косово се тие што треба да продолжат со реформите, да ја консолидираат демократијата и да се борат против корупцијата и организираниот криминал“, рече Баросо по состанокот со косовскиот премиер Хашим Тачи во Приштина, пренесе агенцијата Бета.

Косовскиот премиер Хашим Тачи од своја страна истакна дека на Баросо му пренел, оти интеграцијата во ЕУ е национален интерес и перспектива на Косово, политичка визија и платформа кон која се насочени граѓаните, институциите, политичките партии и цивилното општество и на што владата работи со голем ангажман.

„Ние ќе ги исполниме нашите обврски за Косово што поскоро да стане дел од европското семејство и де јуре, бидејќи нему секако му припаѓаме. Тоа им го должиме и на нашите граѓани, кои се определија за европска перспектива на земјата“, рече Тачи. Тој оцени дека дијалогот помеѓу Србија и Косово околу техничките прашања набргу ќе се заврши. Баросо претходно се сретна со претседателот на Косово Атифете Јахјага.

Во посета на Косово со Баросо е и комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе. Преку неговата портпаролка Наташа Батлер, денеска беше испратена порака до официјална Тирана, откако вчера европските челници ја откажаа посетата на главниот град на Албанија. Имено Европската комисија соопшти дека бара резултатите од локалните избори во Тирана, кои се одржаа во неделата, да бидат итно објавени, нагласувајќи дека е многу важно процесот да биде „ослободен од секакво политичко мешање“.

Автор: АТ/ БГ/ бета/ миа/ макфакс

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми