1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ го поздравува дијалогот меѓу Груевски и Заев

СН/емф/миа24 јуни 2014

Во Клубот на пратениците во Скопје се одржува средба меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Брисел порача дека политичкиот дијалог ќе биде од полза за граѓаните на Македонија.

Фотографија: AP

Европската унија денеска (24.06) го поздрави дијалогот меѓу претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски и лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ, Зоран Заев, со цел надминување на политичките недоразбирања во земјата, јави македонската новинска агенција МИА. Маја Коцијанчич, портпаролка на Европската комисија, денеска истакна дека дијалогот на власта и опозицијата во Македонија би бил само од полза на граѓаните, но и во насока на решавање на реформските приоритети на ЕУ.

„Ефективните напори за надминување на сегашниот ќорсокак и подобрувањето на политичкиот дијалог ќе биде од полза на граѓаните. Ова е исто така важно и во однос на решавањето на клучните реформски приоритети на Унијата“, посочи Коцијанчич во изјава за МИА.

Од Комисијата денеска исто така потврдија и дека посредникот на ЕУ во преговорите меѓу власта и опозицијата, Питер Ванхуте, е ангажиран од страна на ЕУ-делегацијата во Скопје, а не од еврокомесарот за проширување Штефан Филе, ниту од ЕК. Според официјален Брисел, Ванхуте бил ангажиран и за надминување на разликите за имплементирање на препораките од политичкиот договор од 1 март 2013 година и ЕУ-делегацијата го вклучила повторно за медијатор во новите преговори, со оглед на тоа што истиот е упатен во односите власт-опозиција во Република Македонија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми