Амбасадорите од преостанатите 27 членки на ЕУ едногласно го одобрија привремениот трговски договор со Велика Британија по Брегзит и со тоа ги окончаа повеќемесечните преговори.
Реклама
Трговскиот договор меѓу Велика Британија и Европската унија за времето по Брегзит може привремено да стапи во сила на 1 јануари. Амбасадорите на 27 членки на ЕУ на состанокот во Брисел денеска едногласно дадоа „зелено светло" за провизорна примена, како што соопшти германското претседателство. Кратко претходно и германската влада даде согласност за договорот меѓу Велика Британија и ЕУ.
Двете страни се спогодија на 24 декември по долги и мачни преговори. Согласноста на владите на земјите од ЕУ е предуслов за стапување во сила на спогодбата. Писмено договорот треба да биде потврден до вторник во 15 часот. За вторник вечер или среда е планирана видо конференција на шефовите на држави или влади на ЕУ со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, се дознава од дипломатски кругови. До четврток текстот потоа треба да биде објавен во службениот гласник на ЕУ.
Портпарол на германската влада во Берлин постигнатиот договор со Лондон го оцени како „добар резултат" на пост-Брегзит преговорите.
Договорот може да стапи во сила на 1 јануари, истакна и кабинетот на францускиот претседател. Франција меѓутоа уште од „првиот ден ќе биде будна во поглед на коректната примена".
Британскиот премиер Борис Џонсон во договорот гледа нов почетен пункт во односите меѓу ЕУ и Велика Британија.
Но, за регуларен процес на ратификација на договорот преку Европскиот парламент времето до крајот на годинава не е доволно. Од таа причина договорената регулатива ќе важи привремено до 28 февруари. Пред спогодбата да стапи официјално во сила, мора да го одобрат и европратениците, кои бараат доволно време за студирање на текстот од близу 1300 страници.
Брегзит или не: Зошто ѝ покрај тоа ги сакаме Британците
Британскиот парламент го отвори договорот за Брегзит на премиерката Меј. Сега сѐ поизвесен е „болен развод“ со ЕУ. Според многу Европејци, тоа е целосно непотребно. Изјава на љубов до Британците во десет слики.
Фотографија: Getty Images/Stuart C. Wilson/Universal Pictures Home Entertainment
Го сакаме кралското семејство!
Никој не седел толку долго на престолот, како кралицата Елизабета Втора. Од 1952 година таа е кралица на Британците и се залага за дисциплина, стабилност и традиција. Вообичаено два чекора зад неа, големата љубов на нејзиниот живот: сопругот, принцот Филип. Оваа година таа го слави својот 93-ти роденден, а тој има 98 години.
Фотографија: Getty Images/AFP/B. Stansall
Сакаме поп музика од Велика Британија
Тие се едноставно легендарни - Ролинг Стоунс: Мик Џегер, Чарли Вотс, Кит Ричардс и Рон Вуд. На 24 март 2016 година, култниот бенд имаше концерт во Хавана, Куба, испишувајќи музичка историја.
Тауер бриџ во Лондон: од 1894 година, мостот во центарот на британскиот главен град е едно од најпрочуените знаменитости на метрополата. Лондон е една од најпопуларните туристички дестинации во Европа, со повеќе од 30 милиони туристи годишно.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Büttner
Ги сакаме хероите од нивните книги
Авантурите на ученикот за волшебник Хари Потер од Џоан К. Роулинг воодушевуваат деца ширум светот. На сликата е прикажан Хари Потер, кој го игра Даниел Редклиф, во својата втора година на обука во Хогвортс, на училиштето за магии и волшебништво.
Фотографија: picture-alliance/dpa/dpa-Film Warner
Ги сакаме убавите британски модели
Наоми Кемпбел е клучен дел од меѓународниот моден бизнис околу три децении. Родена во Лондон, таа беше првиот црномурест модел кој се појави на насловната страна на францускиот Вог и ѝ припаѓаше на генерацијата на супермодели во 1990-тите.
Фотографија: DW
Го сакаме британскиот хумор
Ретко кој ги растегнува мускулите за смеење толку многу како Роуан Аткинсон, алијас Мистер Бин. Истоимената серија-комедија беше оригинално прикажувана од 1989 до 1995 година и ужива култен статус.
Фотографија: Getty Images/Stuart C. Wilson/Universal Pictures Home Entertainment
Ги сакаме нивните извонредни градини и паркови
Градините Кју во југозападниот дел на британскиот главен град Лондон се меѓу најстарите ботанички градини во светот. Британците се познати по „зелениот палец" и се сметаат за специјалисти за косење трева. Никој во Европа нема толку убави градини и паркови како Британците.
Фотографија: Reuters/T. Melville
Го сакаме нивниот стил
Не станува збор за брзина, туку за елеганција и класа. Пример за тоа се култните автомобили од Велика Британија, како што е Ролс-Ројс. Иако брендот оттогаш е купен од страна на Германците, тој останува британски класик.
Фотографија: imago/Felix Jason
Го сакаме нивниот чуден вкус
Кога станува збор за кулинарството, со сигурност има други европски земји кои се во предност. Но, ако Британците останат со нас во ЕУ, нема да се жалиме на пивото без пена и јагнето со сос од нане. Ветуваме!
Фотографија: Styko
Ја сакаме нивната традиција
Дури од нив научивме колку убаво може да биде панорамското разгледување. Црвените двокатни автобуси во Лондон се повеќе од само превозно средство. Тие сѐ уште се клучен белег на британската метропола на Темза.
Фотографија: picture-alliance/blickwinkel/McPhoto
10 фотографии1 | 10
Од кругови во Брисел се споменува можноста провизорнатаа примена на договорот за Брегзит да биде пролонгирана до средината на март или април. Доколку Лондон тоа го одбие, на 23 феруари би била закажана вонредна седница.
Британскиот парламент в среда на вонредно заседание ќе гласа за постигнатиот договор со ЕУ. Согласноста на пратениците се смета за сигурна, откако опозиционата Лабуристичка партија сигнализираше негово прифаќање.
Трговскиот договор предвидува трговување без царини кога Велика Британија в петок ќе го напушти внатрешниот пазар на ЕУ. Тој истовремено регулира и прашања како идната соработка на полициите и правосудството или социјална сигурност на граѓаните од двете страни.