1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ: дополнителни 500 милиони евра за Западниот Балкан

БГ
9 февруари 2018

Франкфуртер алгемајне цајтунг денеска пишува дека Европската Унија ќе префрли дел од средствата наменети за Турција, за проекти за земјите од Западниот Балкан. Со тоа, помошта за регионот се зголемува за 500 милиони евра

Euro-Scheine
Фотографија: Colourbox

Најавата на Европската комисија, во рамките на Стратегијата за Западниот Балкан, дека ќе одвои дополнителни средства за проекти во земјите од тој регион денеска ја истражува германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг.

ФАЦ доаѓа до сознанија дека освен ветените 1,7 милијарди евра до 2020 година, земјите од регионот ќе добијат и дополнителни 500 милиони во рамки на ИПА програмата. Практично земјите од Западниот Балкан ќе профитираат и од оддалечувањето на Турција од ЕУ. 

„Во Стратегијата Комисијата најави дека ќе ги зголеми средствата за претпристапната и пристапната помош. Актуелните планови предвидуваат средства од 1,7 милијарди евра за периодот од 2018 до 2020 година за оваа намена. Портпарол на Комисијата сега најавува дека за периодот 2018-2020 ќе бидат додадени уште 500 милијарди евра. Тоа би вклучувало прераспределба на средства во рамките на ИПА програмата“, пишува ФАЦ

Повеќе на темата: 

Поддршка од новата германска влада за Западниот Балкан 

Западен Балкан - геостратешка инвестиција на ЕУ

Според весникот, веројатно е дека овие средства потекнуваат од делот првично наменет за Турција, затоа што преговорите со Анкара де-факто мируваат.

„Турција досега беше најголемиот профитер од предпристапните фондови. (...) До 2020 година предвидени се повеќе од 4,4 милијарди евра, но малку е веројатно дека тие ќе бидат исплатени.

Портпаролот на ЕК ги споменува блиските економски односи меѓу ЕУ и земјите од Западниот Балкан. Со удел од 73 проценти, ЕУ во моментов е најважниот трговски партнер. Размената во изминатите десет години се удвои и достигна 43 милијарди евра“, пишува ФАЦ.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми