1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ драстично и` ја крати паричната помош на Турција

ЖА /ДВ
18 јануари 2020

ЕУ ја намалила претпристапната помош на Турција за 75 %, произлегува од документ кој Жозеп Борел, претставник на ЕУ за надворешна политика, го испратил до Европскиот парламент, известуваат германски медиуми.

Türkische und EU-Flagge in Istanbul
Фотографија: picture-alliance/dpa/epa/T. Bozoglu

ЕУ донесла одлука за натамошно кратење на претпристапната помош, па во 2020 година се укинати 75 проценти од првично предвидените уплати, се вели во документот на Борел. Според наводи од Европската комисија, Турција оваа година од т.н. ИПА програма, механизам на ЕУ за помош на земјите кандидати за членство и земјите потенцијални кандидати, ќе добие само 168 милиони евра. Од нив, 150 милиони евра се наменети за развој на демократијата и правната држава, 18 милиони ќе потечат во програма за регионален развој. Европската комисија засега не се изјасни околу овие кратења.

Спорни точки се Кипар и Сирија

ЕУ со претпристапната помош ги поддржува реформските процеси на кандидатите за членство и има за цел да ја подобри нивната конкурентска способност. Пристапните преговори со Турција веќе со години се на мраз. Борел ги аргументираше новите кратења со од европски аспект недозволените сондирања на резерви од гас кои Турција ги врши пред брегот на членката на ЕУ, Кипар, како и со турската воена операција во северна Сирија, започната лани во октомври.

Договорот за бегалци не се доведува во прашање

Од овие кратења не се засегнати средствата кои ЕУ ѝ ги плаќа на Турција во рамките на Договорот за бегалци, склучен во 2016 година. Тој предвидува Грција да може да ги враќа назад во Турција илегалните мигранти кои ќе стигнат оттаму. За возврат, ЕУ презема од Турција сириски бегалци и финансиски ја поддржува Анкара во згрижувањето на бегалците. Во Грција меѓутоа во последно време повторно пристигнува значително зголемен број бегалци од Турција.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми