1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ е задоволна од напредокот на Хрватска

18 февруари 2004
Хрватска е подготвена да стори се за да ги исполни критериумите на ЕУ,изјави синоќа хрватскиот премиер Иво Санадер по средбата со високиот претставник за европската надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана во Загреб.
-Хрватска е готова да ги исполни копенхашките критериуми и услови,како и некои посебни политички критериуми-враќање на бегалците,третманот на националните малцинства,соработката со Хашкиот суд и реформа на судството,изјави Санадер. Солана од своја страна изрази задоволство од она што го чу во Загреб,конструктивната атмосфера треба да продолжи и натаму,изјави тој.
Солана гледа напредок по промената на владата во Загреб и тоа ќе го пренесе во Брисел.
На прашањето дали мислењето на главниот обвинител на Хашкиот трибунал Карла дел Понте ќе биде решавачко за конечниот став на ЕУ за Хрватска,Солана одговори дека дел Понте не е членка на ЕУ.
Соработката со нејзината институција е многу важна и ќе биде значаен критериум,но таа нема да ја донесе одлуката,рече Солана додавајќи дека ЕУ сепак инсистира на соработката со Ден Хаг.
Во односите меѓу Хрватска и ЕУ постојат некои потешкотии,смета Солана,но тие можат да бидат надминати со заеднички напори,гостинот од Брисел не одговори на прашањето со израчувањето на генералот Анте Готовина,за тоа не сака да зборува во јавноста. Хрватска очекува позитивен одговор од Брисел,кој е значаен не само за неа,туку и за земјите од регионот. ЕУ инаку останува на својот став за непотпишување договор за неизрачување американски граѓани на Меѓународниот кривичен суд,а мислењето не го променила ни Хрватска,која не потпиша таква спогодба.
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми