ЕУ, Западен Балкан
27 јули 2004![Бернард Бот](https://static.dw.com/image/1253127_800.webp)
Примерот на Хрватска треба да го следат земјите од регионот, порача во Брисел претседателот на министерскиот совет на ЕУ, шефот на холандската дипломатија Бернард Бот. Според него, земјите како на пример БиХ би можеле до крајот на годинава да остварат одреден напредок. Статусот на Косово според Бот би бил возможен по исполнување на определените стандарди.
"Имам контакти со лидерите на Косово и разговарав за состојбата но секогаш нагласував дека во овој момент не се разговара за статусот на Косово бидејќи постојат проблеми со стандардите и порачав особено тие да се нагласат пред да биде донесена одлука за статусот што, подразбира решение како она во Белгија, некој вид конфедерацијано за кое во игра е и Црна Гора, незнам кое е идеалното решение, заради тоа се расправа за сите можности без донесување конкретни закључоци" рече Бот
Генералниот секретар на НАТО алијансата по состанокот со Хавиер Солана се изјасни околу предлогот, Србија да ги повлече тужбите во Хаг против земјите членки в НАТО, а тие за возврат да инсистираат Хрватска и БиХ истото да го сторат со тужбите за геноцид и воени штети против Белград
"Тоа се разбира е проблем, а решението е на Балканот и во самите држави а не е на НАТО да дава свои коментари. Добро е познато дека соработката со Хашкиот суд претставува важен предуслов за членство во програмата на НАТО партнерство за мир" рече Шефер
Прв оваа идеја за реципроцитет при повлекувањето на тужбите ја иницираше американскиот неформален посредник Брус Џексон, познат како личност кој го подготвуваше теренот за влез на новите членки во НАТО
Шефовите на владите од осум земји од југоисточна Европа утре во Салцбург ќе се сретнат за да расправаат за прашањето на Косово и иднината на земјите во врска со статусот кандидати за членство во НАТО и ЕУ.