1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ за едни мајка, за други маќеа?

Силвера Падори17 март 2009

Берлин поддржува посредство на ЕУ за решавање на спорот меѓу Хрватска и Словенија, порача денеска канцеларката Ангела Меркел. Според неа, спорот за името меѓу Македонија и Грција останува билатерален и на агендата на ОН.

Трипати треба да се размисли дали на ОН може да им се каже дека ЕУ може подобро да го реши спорот меѓу Македонија и Грција, смета канцеларката МеркелФотографија: AP

Билатералната економска соработка, финансиската криза и спорот меѓу Љубљана и Загреб околу границата, што го блокира членството на Хрватска во ЕУ, беа во фокусот на разговорите во Берлин меѓу канцеларката Ангела Меркел и словенечкиот премиер Борут Пахор.

Ахтисари повторно медијатор

Марти Ахтисари во името на ЕУ ќе посердува меѓу Хрватска и Словенија?Фотографија: AP

„Сакам јасно да подвлечам дека Германија го поддржува формирањето на комисија под раководство на господинот Марти Ахтисари за изнаоѓање пат за решение за проблемот, што е важно и неопходно како за Европската унија, така и за земјите кои го сакаат членството како Хрватска”, изјави канцеларката Ангела Меркел на прес-конференцијата по разговорите со својот словенечки колега Борут Пахор.

Претходно Меркел и Пахор дискутираа и за најавената блокада од страна на Словенија за членството на Хрватска во ЕУ заради проблемот со границата. Пахор истакна дека е подобро спорот целосно да се реши и членството, ако е неопходно, и да се одложи, отколку да има ситуација во која нема да се обезбеди неопходното двотретинско мнозинство на народните избраници за ратификација на членството. Оваа ситуација го возбуди и Брисел, па дури и еврокомерсарот за проширување, Оли Рен предложи Ахтисари да посредува меѓу двете страни. За конкретниот проблем и Германија го поддржа посредувањето на Ахтисари, иако станува збор за билатерален спор.

Нема посредништво за Македонија и Грција

ОН останува посредник во спорот меѓу Грција и Македонија за иметоФотографија: AP

Ако се има предвид дека за проблемот што го има Македонија со Грција, и Европската унија и Германија се категорични дека тоа е работа на двете земји, ја запрашавме канцеларката Меркел дали ЕУ има двојни аршини? Дали е за едни мајка, а за други маќеа?

„Најпрво веќе подолго во Обединетите нации тече процесот меѓу Македонија-ФИРОМ и Грција, во кој ние како Европска унија едноставно не сакаме да се мешаме. Второ, станува збор за една земја, која е веќе членка на ЕУ и една земја, Хрватска, која поинаку од Македонија, веќе води конкретни преговори за членство. Тука е доведено во прашање затворањето на одделните поглавја, кои се значајни и за другите земји од ЕУ. Во случајот на Македонија и Грција станува збор за долготраен процес и човек треба трипати да поразмисли дали можеме на Светската организација да и кажеме дека Европската унија може подобро да го реши спорот. Сите сме ние членки на ОН и можеме да учествуваме во тој процес на решавање во ОН”, одговори канцеларката Ангела Меркел.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми