1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ има потреба од поморска спасувачка служба

23 август 2017

Бегалската криза предизвикува поделби во ЕУ, која на Средоземното Море нема заедничка европска стратегија. Експертот за безбедност Себастијан Брунс, во европската поморска спасувачка служба гледа шанса за ЕУ.

Privates deutsches Rettungsschiff auf Mittelmeer in Seenot Jugend rettet Iuventa
Фотографија: picture alliance/dpa/IUVENTA Jugend Rettet e.V.

Дојче веле: Либија како пропадната држава на една, преоптоварената Италија на друга страна. Каква потенцијална опасност произлегува од овој дел на Средоземјето?

Себастијан Брунс: Подрачјето меѓу Либија и Италија спаѓа во географски најтесните на Средоземното Море и е главна рута за илегалната миграција, за криумчарите, но и за очајните луѓе од Африка и од Азија. Откако е затворенаБалканската рута, бегалците бараат нови патишта и еден пронајдоа на тоа подрачје. Покрај операцијата на ЕУ насловена како „Софија“, на Средоземното Море постојат и поединечни операции на поморските единици на земјите-членки на ЕУ, кои спасуваат бегалци. Тоа ја зголемува можноста бегалците да успеат да избегнат давење во морето. 

Зошто ова подрачје не може да се контролира?

Еден од факторите е неговата големина. Комплетното подрачје на кое се реализира операцијата „Софија“ е големо колку Германија. Во операцијата се постојано вклучени меѓу шест и осум бродови. Кон тоа треба да се додадат и бродовите на хуманитарните организации кои исто така спасуваат бегалци. Но, тоа не е доволно. Таква голема област мора да биде добро покриена. Потребни се повеќе авиони отколку што сега се на располагање. На таков начин се олеснува воочувањето на местоположбата на бродовите и се подобрува координацијата. Тоа е тежок потфат. Потребна е и политичка војла за постојано присуство. Меѓутоа, прашањето за бегалците е камен на сопнување и ја поделува Европа. Освен тоа, не постои интегрирана европска крајбрежна стража, туку крајбрежни стражи и морнарици на одделните држави, пред чиј брег се одвива целата драма. Фронтекс во меѓувреме има поморски мандат, но земјите-членки на ЕУ кон него имаат однос на маштеа. Освен тоа, Фронтекс нема сопствени бродови и авиони.

ДВ: Италија се закануваше со блокирање на продолжувањето на операцијата „Софија“. На тој начин се доведува во прашање мисијата на ЕУ. Што треба да се направи за подобрување на состојбата?

Сигурно нема да биде погрешно инсистирањето да се анулираат причините поради кои луѓето ги напуштаат своите земји. Тоа што го прави морнарицата, хуманитарните организации или Фронтекс, всушност е само брорба против симптомите. Во Либија мора да бидат воспоставени структури, за воопшто да не доаѓа до криумчарење на луѓе. Исто и во Африка мора да се елиминираат причините поради кои луѓето ги напуштаат своите домови и бегаат во Европа. Тоа е генерациска задача. Сега постои проблемот на ограниченост на ресурсите кои Европа планира да ги стави на располгање. Од една страна постои формулација според која постои намера за основање „Маршалов план“ за Африка. Сепак, јас сум скептичен. Од другастарана, европските поморски сили не се потребни само на тоа подрачје. Постојат и други жаришта каде мора да бидат присутни: Сирија, источниот дел од Средоземното Море, северниот Атлантик, Балтичко Море, Арктик...Во обидот на Италија да го блокира продолжувањето на мисијата на ЕУ, „Софија“, гледам очајнички чин.

Фотографија: picture alliance/dpa/F.Ulonska

ДВ: Дали постојат концепти за примена на алтернативни мерки заради подобрување на сигурноста на Средоземно Море?

Од 2016 година постои „European Union Border Assistance Mission" (EUBAM) во Либија. За таа обука се потребни бродови и опрема. Меѓутоа, во Либија постојат различни господари на војната, разни актери од конкурентските влади кои немаат доверба едни во други и се во меѓусебни борби. Во такви услови тешко е да се формира државна крајбрежна стража. Не станува збор само за приморска стража, туку и за соодветен полициски потенцијал за работа во пристаништата, за државно обвинителство, судови...аспекти кои зависат од добар државен менаџмент. Тоа е Херкуловска задача.

За тоа морско подрачје е потребна и европска поморска спасувачка служба. Тоа значи дека поморските сили не треба во регионот да ги испраќаат своите разорувачи и фрегати, туку сите држави од ЕУ да учествуваат со бродови од своите крајбрежни стражи и полиција во заштитата на водите, значи, со мали единици кои не мора да имаат посебна опрема како за лов на подморници на Атлантикот. На тој начин макар малку ќе се растоварат европските поморски сили. Во таквите поморски единици би можеле да се вклучат приватни спасувачки поморски единици, што би довело до унапредување на интеграцијата на цивилни, воени, но и полициски средства. За Либија и за тоа морско подрачје постои мноштво различни конкурентски операции, кои никогаш досега не биле обединети. Можеби европска поморска спасувачка служба би била чекор напред.

ДВ: На каков начин може да се реализира идејата за европска поморска спасувачка служба?

Мој предлог е конечно да се почне сериозно да се размислува за европска поморска стража, односно, да се воспостават интерирани структури кај кои би била можна заедничка работа на море, би се координирале полициските, воените и хуманитарните сили. Но, за да се стигне дотаму, потребна е политичка волја. За ЕУ тоа би била шанса, интегративен аспект. Тоа изискува одредена искреност - за кои цели би била користена таа европска приморска стража и кои би биле нејзините задачи? Не треба да се дозволи таа да биде еден вид смоквин лист. Не можеме да избегнеме дискусии дека и во оваа област можеме да ја унапредиме поморската безбедност. Но, европската крајбрежан стража во секој случај е прв чекор во таа насока.

Д-р Себастијан Брунс е шеф на Одделот за поморска стратегија и сигурност на Институтот за безбендосна политика на Универзитетот во Кил. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми