1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ и Италија: Квадратура на стапот

Андреас Ростек-Бути
6 јуни 2019

На прекршувањата на правилата за буџетски дефицит од страна на италијанската популистичка влада, ЕУ планира одговор со отворање постапка. Многу врева за ништо, смета Андреас Ростек-Буети, но оваа врева е неопходна.

Italien | Europawahlen | Lega Matteo Salvini
Фотографија: Getty Images/E. Cremaschi

Овој коментар би можел да биде многу краток: да, ЕУ мора да почне постапка против Италијапоради континуираното непочитување цела низа правила, на кои се обврзани сите членки на заедницата.

И - не: постапката нема да има никакво дејство, уште помалку економски релевантни резултати. Како и би имала? Моќниците во Рим точно знаат дека нивната земја е преголема за едноставно да биде „казнета“. Да не зборуваме за исфрлање од друштвото.

Со тоа би можеле да завршиме.

Сепак, ЕУ мора да направи напори, зашто Италија за Унијата е економски темпирана бомба која може да биде деактивирана само со политички средства. ЕУ нема никаков друг избор.

Темпираната бомба во бројки: Италија во минатата година имаше државни задолжувања од 132,2 проценти од брутодомашниот производ на земјата.Должничката сума во цврста валута: на крајот на 2018 - преку 2,3 билиони евра. За 2020 година Европската комисија очекува должничка состојба од преку 135%, а дозволената граница за евроземјите е 60 %.

Експлозивна направа

Уште неколку бројки: италијанскиот удел во вкупниот економски учинок на ЕУ изнесува 11,2 % (во 2017 година)-притоа италијанската економија стагнира, а невработеноста останува висока. Сумата на државни долгови кај италијанските банки изнесува преку 400 милијарди евра.

Андреас Ростек-Буети

За да можат да ги отплатат своите државни долгови, мерено според БДП, Италијанците би морале да работат една година и четири месеци без од она што ќе го сработат да изедат макар една пица. Ова, се разбира, е „женска“ или „сметка на зелен пазар“, а тоа секако го знаат и ЕУ и нејзината Комисија. Европската комисија последно побара од Рим да биде барем видна делумна отплата на долгот, а не негово зголемување. За таа цел би требало барем редуцирање на италијанскиот буџетски дефицит, кој сега се движи околу два проценти.

Но, италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини од десничарската Лега едноставно не сака да чуе за тоа: „Помина времето кога добивавме писменца од Брисел“. Вака зборува моќникот од Рим.

Ако биде според неговата волја, италијанскиот буџетски дефицит следната година би се искачил на пет проценти.

„Ќе падне владата“

А ќе биде според неговото, тоа е политичкиот и економскиот проблем на ЕУ. Во тој прилог уште неколку бројки, иако не во чисто економска смисла: Салвини со неговата Лега на европските избори во Италија освои близу 34 проценти гласови (и ја удвои тежината на својата трупа). Исто така популистичкото, но левичарско движење Пет ѕвезди достигна само до 17 проценти. Двата коалициони партнери си ги сменија улогите. И продолжуваат радосно да се блокираат меѓусебно.

Во Рим не е тајна дека Салвини калкулира со нови избори и планира самиот да стане премиер: „Никој не знае кога ќе падне владата, но на сите веќе им е јасно дека таа ќе падне“, изјавил еден пратеник за весникот „Кориере дела сера“.

Од идниот потенцијален моќник во Рим се цитираат инаку и вакви реченици: „Граничните вредности на монетарната унија се стари и надминати и тие ѝ наштетија на Европа... "

Јакнење на прагматичарите

Со вакви брборења министерот и популист постојано ги поттикнува во височина италијанските државни долгови, го стеснува маневарскиот простор на својата влада и ја загрозува егзистенцијата на италијанските банки, а со тоа и стабилноста на европските финансии.

Против него не е доволен голем стап, делумно од Брисел (ЕУ), Франкфурт (Европската централна банка) или Вашингтон (ММФ). Помага само постојана подготвеност за разговори од страна на ЕУ, постојана понуда за остварување мали чекори, барање мали напредоци. И онаму каде е можно, јакнење на сѐ уште разумните и прагматични во земјата, во Италијанската банка, во претпријатијата, невладините организации или цивилното општество воопшто.

Стапот од Брисел напротив само го јакне моќникот во Рим. Тоа што ЕУ сепак мора да замавта со стапот, ако не сака да ги фрли во вода своите сопствени правила, без претходно да се постигне договор за нивна замена, е исто така правилно. Сето ова наликува на една квадратура на стапот. Решението на проблемот лежи кај самите Италијанци. Ако воопшто имаат уште време за него.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми