Еу и Он безрезервно ќе им помогнат на САД по катастрофата
3 септември 2005Европската Унија во принцип ја поддржува најавата на германскиот канцелар Герхард Шредер, за бесплатна помош од европските стратешки нафтени резерви, со цел да се пополни недостатокот од гориво на југот од САД, што е последица на ураганот Катрина.
Европскиот претставник за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана, посочи дека ваквите мерки се преземааат поради исклучително тешката ситуација во која сега се наоѓаат луѓето од голфското крајбрежје.
,, Што и да се побара, ние ќе им дадеме,, посочи Солана на состанокот во Њупорт. Британскиот шеф на дипломатијата,Стро, чија земја претседава со Унијата, рече дека сега сите мора да се концентрираат на хуманитарната помош за настраданите подрачја во САД. Според него, Европската Унија нема да ја искористи катастрофата за да влијае врз цените на нафтата:
,, Моите колеги ме замолија уште еднаш да нагласам дека и натаму ќе останат на ставот на каков било начин да помогнат во поплавените подрачја“ , посочи Стро.
И шефот на британската влада Тони Блер во меѓувреме ја потврди поддршката:
,, Целата земја сочувствува со луѓето од Голфското крајбрежје во САД, кое беше погодено од страшна, страшна природна катастрофа. Сакаме да ги искажеме нашите сочувства и солидарност кон тие луѓе. И како што му реков на претседателот Буш вчера, оваа земја ќе застане зад неа колку што е можно“ посочи Блер.
И генералниот секретар на ОН Кофи Анан посочи дека на луѓето на југот од Америка, кои ги погоди ураганот Катрина, им треба нужна помош:
,, Мислам дека е очигледно дека ним им е потребмно многу, многу повеќе , но ние треба да ги охрабриме останатите членки на меѓународната заедница за поддршка. Имаме големо искуство низ светот кога станува збор ѕа катастрофи и мислам дека е време сите да застанат зад жртвите од катастрофата“ рече Анан.