ЕУ и Јапонија потпишаа договор за слободна трговија
17 јули 2018Договорот за слободна трговија кој денеска го потпишаа Европска унија и Јапонија претставува „јасна порака“ против протекционизмот, изјави денеска во Токио претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
„Праќаме јасна порака дека сме против протекционизмот“, рече Туск на конференцијата за новинари, алудирајќи на американските царински тарифи кои ги воведе Донал Трамп.
„Покажуваме дека сме многу посилни и оти сме во подобра позиција кога работиме заедно“, изјави на конференцијата за новинари и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.
Повеќе:
-Кина против САД: војна за економска превласт
-ЕУ воведува контра-царини за производи од САД
-Трамп ризикува трговска војна со Европа и Кина
Состанокот во Токио првично беше планирано да се одржи во минатата недела во Брисел, но јапонскиот премиер Шинзо Абе беше приморан да ја откаже посетата поради поплавите во западниот дел на Јапонија, каде настрадаа над 200 лица.
Договорот меѓу ЕУ и Јапонија предвидува зона на слободна трговија која покрива речиси една третина од светsкиот бруто домашен производ. Овој договор претставува „силен знак“ против американскиот протекционизам, оцени европската комесарка за трговија Сесилија Малмстром.