1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ – Либија, Иран, Кина

12 октомври 2004

Министерскиот совет на Европската унија вчера во Луксембург го укина и ембаргото за оружје против Либија воведено пред 18 години, а разговараше и за атомската програма на Иран како и за ембаргото за оружје против Кина, кое засега останува во сила.

Укинувањето на ембаргото против Либија уследи по барање на Италија која има намера да и испорача воена опрема за борбата против илегалното иселување од Африка кон Европа. Чисти зделки со оружје не се предвидени, иајави германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер:

“Не станува збор за конкретни системи на оружје, иако се разбира со тоа не се допира во националните компетентности на проверки, туку прашање е до каде можат да се нормализираат односите со Либија по драматичните промени таму“.

В петок германскиот канцелар Герхард Шредер патува во посета на Либија заедно со голема делегација стопанственици. Се очекуваат добри зделки во опремувањето на либиската нафтена индустрија. Министрите ја повикаа Либија да ја укине смртната казна против пет бугарски медицински сестри инфицирани од Сида, што е последниот камен на сопнување во односите меѓу ЕУ и оваа земја. Министрите, за разлика од Либија која официјално се откажа од можноста да произведе оружје за масовно уништување, страхуваат дека со Иран тоа не е случај. ЕУ не може да ја исклучи можноста дека Иран сака да започне со збогатување на ураниум за да произведе атомско оружје. Тоа, како што вели Фишер, мора да биде спречено:

“Опцијата Иран да стане нуклеарна сила од сите е оценета како опасна и одбиена“.

ЕУ апелира до Иран да се врати на преговарачката маса и да се придржува кон ветувањата од последната година. Холандскиот министер за надворешни работи Бернард Бот кој претседава со министерскиот совет изјави:

“Ако е Иран подготвен да ги запре неговите актиовности на тој план, ние сме подготвени да го продолжиме дијалогот со Техеран“.

Официјално Унијата не го засили ставот кон Иран, ниту воведе санкции во оечкување на следната средба меѓу агенцијата за атомска енергија и иранските власти во ноември.

Ембаргото за оружје против Кина не беше укинато. ЕУ министрите не се согалсија со барањата на Германија и Франција, а министерот Фишер се надева дека состојбата со човековите права во оваа земја натаму ќе се подобрува:

“Од ЕУ се очекува да прифати дека има позитивни промени. Од друга страна , сметам дека дебатата за ова прашање во европските редови е замрсена што мора ад се прифати“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми