1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ најави единственост и по однос на Косово

Силвера Падори27 февруари 2007

На дводневната конференција на претседателите на комисиите за надворешни работи на парламентите на ЕУ, кандидатите и идните членки, се дебатираше за најжешките прашања меѓу кои и за Косово и преговорите кои во Виена ги води Марти Ахтисари

Не очекува ВЕТО на Русија по прашањето на Косово во Советот за безбедност! - Хавиер Солана
Не очекува ВЕТО на Русија по прашањето на Косово во Советот за безбедност! - Хавиер СоланаФотографија: AP

"

Тука многу јасно се виде дека не може да се постигне компромис меѓу Приштина и Белград по прашањето на статусот на Косово. Но, двете страни имаат заеднички интетреси ова прашање да се симне од дневен ред. Косово сака решение на статусот. Србија сака во 2008 да стане кандидат за членство во ЕУ. Без решение на Косово тоа не е множно” истакна Рупрехт Поленц, прв човек на комисијата за надворешни работи на герамнскиот Бундестаг пренесувајќи ги акцентите од дебата со своите европски колеги кои два дена разговараа во Берлин за најжешките прашања од надворешната политика на ЕУ меѓу кои беше Косово.

Европските парламентарци застанаа зад работата на Марти Ахтисари кој инаку вчера говореше за текот напреговорите во Виена меѓу српската и страната на косовските Албанци. Значајно и според Поленц и според Хавиер Солана, кој денес учествуваше во расправата е Европската унија да покаже единственост по прашањето на Косово чија разврска се очекува во Советот за безбедност. Солана е оптимист дека решение ќе се изнајде. Не е прецизен во временските одредници, но според него најдобро би било ова да се расчисти до почетокот на летото. Новата ситуација, според него секако ќе бара и нова Резиолуција за Косово. По минатонеделните изјави на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека Косово мора да ги исполни стандардите, а потоа да се донесе статусот, многумина се сомневаат дека Русиија како постојана членка на Советот за безбедност може да се спротивстави на конечната формула. Солана, меѓутоа не е многу убеден во ветото на Русија. За евентуалниот мандат на Европската унија на Косово Солана повлекува дека постои подготвеност доколку тоа го побара Советот за безбедност. Со колку луѓе и во каков формат ќе зависи од типот на мандатот категорично изјави Хавиер Солана.

Инаку на конференцијата се слушнаа и критични тонови околу можните последици кои би ги предизвикала независноста на Косово. Борис Цала претставник на Словачка каде постојат проблеми со малцинствата смета дека Европската унија треба да биде прецизна околу ова прашање. Поточно, според него Европскиот совет на највисоко ниво треба да каже дека случајот на Косово е единствен и дека нема да биде прифартен како модел во другите земји кои исто се соочуваат со вбакви проблеми на малцинствата. Значи Европскиот совет треба да биде категоричен дека нема да се дозволи менување на границите.

Флора Кадриу, претседател на комсиијата за надворешни работи на Македонското Собрание која учествуваше на Конференцијата, го пренесе ставот на Македонија по однос на прашањетоп на Косово. Македонија ќе прифати секое решение зад кое стои Европската Унија, решение кое ќе придонесе за стабилноста на регионот и кое нема да го загрози територијалниот интегритет на земјата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми